Донесени измените на Законот за заштита на населението од заразни болести
Собранието синоќа ги усвои измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести во однос на новите мерки за спречување на ширење на вирус преку мерки за лична заштита. Истите ќе стапат на сила по објавување во Службен весник.
Законот предвидува носење лична заштита на лицето и тоа: респираторна маска, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, свилена марама или шал, памучна марама или шал, бандана и слично, при излегување надвор од домот односно при движење на јавни места и површини од отворен и затворен тип, на пазари, во јавен превоз и при влез во затворени простори на оператори кои поради нивната природа на дејност претставуваат место на собирање на повеќе лица (државни институции, маркети, продавници, банки, пошти, чекални, здравствени установи и слично).
Оваа мерка нема да важи:
– при спортување на отворен простор или на затворено со почитување на специфичните протоколи за заштита (дистанца, дезинфекција и слично);
– при возење во приватно патничко моторно возило ако возачот е сам или со лице/лица со кој/кои што живее во заедница;
– при престојување во двор на семејна куќа сам или со лице/лица со кој/кои што заедно живеат во заедница;
- при седење во угостителски објект со почитување на специфичните протоколи за заштита (дистанца, дезинфекција и слично);
– ако се користи друг тип на заштитна опрема специфична за определено работно место;
– ако лицето е помладо од 6 годишна возраст (дете); и
- ако лицето има специфична здравствена состојба, е лице со посебни потреби или е лице со пречки во развој поради што носењето на лична заштита на лицето би било проблематично или контраиндицирано.
За неносење маска на отворено предвидена е парична казна од 20 евра.
Закон, ja регулира и самоизолацијата, односно таа е задолжителна при тестирање за Коронавирус COVID-19 од закажување на тестот или самото тестирање до добивање на резултатот, а самоизолацијата продолжува доколку резултатот е позитивен.
Забрана за групирање на јавен простор (паркови, јавни површини или било која површина на отворено) во одредени периоди од деноноќието и други мерки утврдени со закон.
Мерките траат додека постои опасност од ширење на епидемија.
Владата на предлог на Министерството за здравство одлучува кои од мерките ќе се применат, случаите во кои ќе се применат и за кој временски период.
За прекршителите на членот од Законот кој ја регулира самоизолација предвидена е казна од 50 евра, а тие што ќе се групираат на отворено ќе платат казна од 500 евра.
Законот го регулира и лекувањето на лицата заболени од Ковид-19. Освен лекување во јавните здравствени установи, по медицински индикации болните можат да се лекуваат и изолираат и во приватни здравствени установи кои имаат дозвола за вршење на дејноста за интензивна нега и терапија или во домашни услови, доколку за тоа постојат услови. Приватните здравствени установи за да лекуваат пациенти од Ковид-19 треба да имаат согласност од Министерството за здравство дозвола за вршење на дејноста за интензивна нега и терапија. Доколку во ЈЗУ се исполнети капацитетите за лекување на болни од Ковид 19 по претходно дадена сосгланост од Министерството за здравство лекувањето на лицата може да се врши и во приватни здравстени установи кои имаат дозвола за вршење на дејноста за интензивна нега и терапија.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Запленета дрога во вредност од еден милион евра на ГП „Богородица“ и кај
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (06.03.2021) во
Запленет камион со половина тон марихуана на ГП Богородица
Вечерва на Граничниот премин „Богородица“ запленет е камион полн со 500
Почина градежен работник во Гевгелија
Во централното градско подрачје каде се изведуваат градежни работи на просторот
Запленети 200 кг марихуана на граничната линија, приведени две лица
Одделот за криминалистика при ОВР Гевгелија во соработка со специјализирани
Тежок сообраќаен билтен - еден починат, еден тешко повреден
Едно починато и едно лице со тешки телесни повреди, без податоци за настаната
ОКШ Гевгелија бара воведување полициски час
Галопирачкиот раст на новозаболени од корона во Гевгелија и регионот (видно од
Почина Веселинка Поп Гонова
Утрово во Клиника „Жан Митрев“ воСкопје, каде што беше хоспитализирана оваа
Лишени од слобода двајца жители на о. Гевгелија
Прексиноќа пред полноќ, поточно во средата, жител на Мрзенци и жител на
Три последователни потреси во Грција почувствувани и во Гевгелија
Вечерва од 19:38 часот, 19:53 ч. па до 20:25 часот почуствувани се три
Почувствуван земјотрес во Гевгелија
Благо движење на земјата како лулање во правец југ-север-југ вечерва беше