Благодарност до здравствените работници, нашите докажани херои на трудот и пожртвуваноста во 2020 искажа министерот за здравство Венко Филипче, како човек кој секојдневно и непосредно беше во костец со короната заедно со нив. Изразите на благорадност ги искажа на следниот начин:
- „Оваа 2020 беше тешка година за сите нас, но вие, нашите херои - здравствени работници заслужувате посебно внимание и почит.
10 месеци борба за спас на сечиј човечки живот. 10 месеци без одмор, во континуиран стрес грижејќи се за нашите и ваши семејства, пријатели, колеги. Вие најдобро знаете колку непроспиени ноќи сте имале, на колку пациенти им била потребна здравствена заштита, но и на колку повици за совет сте помогнале“ напиша илипче на социјалните мрежи.
Министерот упати посебен апел до граѓаните за одговорно празнување:
- „Апелирам овие празници да ги поминеме во кругот на најблиските, без групирање и со почитување на мерките. Со ова, ќе им помогнеме и на медицинските лица празниците да не ги поминат со зголемен интензитет на работа, туку колку што можат повеќе да одморат. Дел од нив ќе бидат дежурни и за време на празниците, Ве молам да им олесниме“ се вели во апелот.
Мои колеги и наши херои - Ви благодариме за целиот ваш хуман труд и професионалност! Ви благодариме што издржавте и покрај тоа што сте уморни. Вие сте нашата гордост и сила! Ви посакувам среќниНновогодишни и Божикни празници!- посака министерот Филипче.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Кривични пријави за угостител од Гевгелија и возач од Богданци
Гевгелиски угостител и возач од Богданци добиле кривични пријави од ОВР
Пет километарска колона возила кон ГП Богородица
Новиот режим на гранично работење што го најави грчкиот министер за цивилна
Грција ги зајакнува мерките на Евзони и Какавиа
Строгите рестрикации во Грција за спречување на ширењето на коронавирусот се
Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје
Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за
Три кривични пријави за локални возачи
ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за
Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци
Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни
Распишана централна потерница за Сашо Мијалков
Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може
Засадени дрвца во сеќавање на Игор Мицев
Граѓаните на Негорци денеска имаа несекојдневен помен во сеќавање на прерано
ОЈО Гевгелија: 30 дена притвор за вооружен разбојник
Деветнаесет дена по извршениот вооружен грабеж во казино во Богданци
19-годишен гевгеличанец загина во сообраќајна несреќа
Вечерва во 00:50 по полноќ на патниот правец Стар Дојран - Нов Дојран во