Во саботата ноќва пред полноќ избувна пожар во ГТЦ Глобал во центарот на Струмица. На терен веќе повеќе од еден час се екипи на ТППЕ Струмица со четири возила кои интензивно работат на терен со цел да се локализира пожарот. Во моментот горат неколку дуќани во приземјето, а екипа на Струмицанет регистрираше пламени јазиции во горните катови од Трговскиот центар.
Првичните извештаи од терен навестуваат дека пожарот е забележан во дуќан во приземјето, до раскрсницата, од каде најпрво се приметил пожарот, и се' уште не е изгаснат.
На терен пристигнаа возила од ТППЕ Радовиш, а на помош се и возилата цистерни на комуналното претпријатие од Струмица.
Сите напори се да се локализира пожарот да не ги зафати и дуќаните во средишниот дел на ТЦ каде се наоѓаат дуќани со обувки, гардероба, земјоделски тезги.
Засега не се знаат причините како настанал пожарот. Сообраќајот во центарот на Струмица е во прекин по интервенција на полицијата со цел да се овозможи проток на противпожарните возила и силите вклучени во акцијата за гаснење на пожарот. Се очекува на помош да пристигнат и да интервенираат и екипи од противпожарните единици од околните градови.
Posted by Радио СтрумицаНет on Saturday, January 2, 2021
Posted by Радио СтрумицаНет on Saturday, January 2, 2021
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Собранието со 62 „ЗА“ изгласа доверба на Владата
Парламентарното мнозинство уште еднаш ѝ аплаудираше на Владата. Овој пат за
Хуманитарен Апел за помош на Веселинка
АПЕЛ за помош на Веселина Поп Гонова! - објавија нејзините роднини и пријатели
ВИДЕО: Силен земјотрес во Грција почуствуван и во Македонија
Претпладнево во 11:16 часот се затресе тлото во Лариса, Грција со јачина од 6,2
Кривични пријави за угостител од Гевгелија и возач од Богданци
Гевгелиски угостител и возач од Богданци добиле кривични пријави од ОВР
Пет километарска колона возила кон ГП Богородица
Новиот режим на гранично работење што го најави грчкиот министер за цивилна
Грција ги зајакнува мерките на Евзони и Какавиа
Строгите рестрикации во Грција за спречување на ширењето на коронавирусот се
Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје
Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за
Три кривични пријави за локални возачи
ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за
Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци
Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни
Распишана централна потерница за Сашо Мијалков
Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може