Премиерот Заев за пожарот во Глобал: Тешки се овие моменти за многу семејства, но заедно ќе го надминеме и ова

Недела, 03 Јануари 2021

Премиерот Зоран Заев и градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски денеска го посетија опожарениот трговски центар „Глобал“ во Струмица, кој синоќа 5 часа беше во пламен.

Премиерот Заев упати апел за солидарна акција со финансиско помагање со сите можни аспекти кои ни стојат на располагање, пред се како држава, Влада, секако како општина, но и како граѓани во духот на солидарноста. Вели дека е убеден оти многу брзо ќе го вратат „Глобал“ во нормала и сите граѓани кои имаат уништено имот ќе им го вратат во првобитната состојба.

- „Добро е што нема повредени, нема изгубено човечки животи и тоа е најважно, се друго се надоместува“ – кажа Заев, кој упати благодарност до Територијалната противпожарна единица на Струмица која со шест возила и со 38 луѓе го гаснеше пожарот, но и до Противпожарните единици на Радовиш, Штип, Кавадарци и Валандово, кои пристигнаа на помош и учествуваа во гасењето на пожарот.

- „Пожарникари не само од Струмица, туку и од околните градови, покажаа солидарност на дело и неуморно се бореа со пожарот. Изразувам длабока благодарност за нивната професионалност во справувањето со пожарот и оддавам длабок наклон за пожртвуваноста која ја покажаа до раните утрински часови, без откажување и без колебање сѐ до гасење на последниот пламен јазик“ – кажа премиерот Заев, пренесува Струмицанет..

Во извештајот од МВР е наведено дека пожарот е пријавен во саботната ноќ, на 02.01.2021 во 23.37 часот. Било пријавено дека во трговски центар во Струмица настанал пожар, при што биле опожарени дуќани. Пожарот бил локализиран од Територијалната противпожарна единица Струмица. Повредени лица нема, а увид бил извршен од страна на увидна екипа од СВР Струмица, велат од МВР.

Во продолжение видео од посетата на премиерот Заев на опожарените остатоци од Глобал и Фото Галерија „Тажна слика од Глобал“ од порталот Струмицанет.

Last modified on Недела, 03 Јануари 2021 - 18:04

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Кривични пријави за угостител од Гевгелија и возач од Богданци

Гевгелиски угостител и возач од Богданци добиле кривични пријави од ОВР

Повеќе

Пет километарска колона возила кон ГП Богородица

Новиот режим на гранично работење што го најави грчкиот министер за цивилна

Повеќе

Грција ги зајакнува мерките на Евзони и Какавиа

Строгите рестрикации во Грција за спречување на ширењето на коронавирусот се

Повеќе

Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје

Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за

Повеќе

Три кривични пријави за локални возачи

ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за

Повеќе

Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци

Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни

Повеќе

Распишана централна потерница за Сашо Мијалков

Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може

Повеќе

Засадени дрвца во сеќавање на Игор Мицев

Граѓаните на Негорци денеска имаа несекојдневен помен во сеќавање на прерано

Повеќе

ОЈО Гевгелија: 30 дена притвор за вооружен разбојник

Деветнаесет дена по извршениот вооружен грабеж во казино во Богданци

Повеќе

19-годишен гевгеличанец загина во сообраќајна несреќа

Вечерва во 00:50 по полноќ на патниот правец Стар Дојран - Нов Дојран во

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.