Засилените акциски контроли на сообраќајната полиција низ патиштата во земјава покажаа висок степен на недисциплина на моторизираните учесници во сообраќајот, но изречените казни од друга страна го намалија бројот на прекршшоци и сообраќајни незгоди споредено со минатата година.
Така,МВР известува дека во периодот од 31.12.2020 до 09.01.2021 година од страна на организационите едници за контрола и регулирање на сообраќајот, на територијата на целата држава санкционирани се 6.489 возачи кои не ги почитувале правилата и прописите од сообраќајот од кои:
- 414 за нерегистрирани возила (измината важност на сообраќајната дозвола);
- 520 за возење без возачка дозвола 520;
- 185 за возење под дејство на алкохол,
- 835 за возење со брзина поголема од дозволената;
- 312 за непрописно престигнување.
Од приложените податоци за изречени санкции воочливо е дека најголема недисциплина кај возачите е во однос на дозволената брзина и пречекоувањето на законското ограничување на брзината на движење на одделна сообраќајна делница, дури 13% од вкупниот број на прекршоци, односно 37% од горе посочените пет видови сообраќајни прекршоци.
Засилените контроли, оценуваат од МВР, евидентно влијаат на намалување на бројот на сообраќајни незгоди во периодот кога овие контроли се спроведуваат. Во ноември 2020 споредено со ноември 2019 има намалување од 21 отсто, а кога ќе ги споредиме декември 2020 со декември 2019 имаме намалување од 23 отсто на бројот на сообраќајни незгоди. Како резултат на преземените активности, 2020 година е со најниска бројка на жртви во сообраќајот.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
АВРМ: Кредитирање на невработените до 10.000 евра за започнување сопствен бизнис
Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија објави оглас за
Минусна ноќ во Гевгелија и југот
Вечерва настапуваат првите минусни температури годинава - поларниот студен бран
За 50% поевтинува регистрацијата на возила со странски таблички
Легална регистрација во Македонија со 50 од сто намалени трошоци е новата
Кривична пријава за фалсификаторка на пари
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР – Скопје поднесе
Видео: Стопирани Василичарите во Вевчани
Василичарскиот кaрневал во Вевчани кој поради короната претставува закана по
Нема сурварски огнови
Вака одлучи Општинскиот кризен штаб.
По оптимистичките информации дека мерките
Запрен шверц на лекови на ГП Богородица
Меѓународниот промет на стоки и во време на светска корона пандемија не запре.
За 10 дена санционирани 6.489 возачи
Засилените акциски контроли на сообраќајната полиција низ патиштата во земјава
Најмногу дожд наврна во Гевгелија
Изминатото деноноќие во Гевгелија наврнаа 45 литри воден талог на еден метар
Почина академик Георги Старделов, (1930-2021) роден гевгеличанец
Роден гевгеличанец и поранешен претседател на МАНУ д-р Георги Старделов почина