Кривична пријава за фалсификаторка на пари

Четврток, 14 Јануари 2021

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР – Скопје поднесе кривична пријава против М.Ф (24) од Кратово, со привремено живеалиште во Скопје, поради основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“, казниво по член 268 од Кривичниот законик.

МВР информира дека пријавената М.Ф. набавила две фалсификувани банкноти во апоени од 500 евра и на 26 ноември 2020 година ги пуштила во оптек во казино во Скопје, односно ги разменила за денари и на тој начин го сторила кривичното дело, стекнувајќи се со противправна имотна корист.

Европската централна банка во 2016 година одлучи да го запре издавањето на банконотата од 500 евра откако утврди дека поради вредноста и лесниот транспорт се користи за перење на пари, но и за финанисрање на тероризам.

Причина повеќе за избор на оваа банкнота од фалсификаторката во Македонија - со една трансакција на размена во домашна валута да реализира парична добивка од над 60.000 денари.

 

Last modified on Четврток, 14 Јануари 2021 - 13:56

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

АВРМ: Кредитирање на невработените до 10.000 евра за започнување сопствен бизнис

Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија објави оглас за

Повеќе

Минусна ноќ во Гевгелија и југот

Вечерва настапуваат првите минусни температури годинава - поларниот студен бран

Повеќе

За 50% поевтинува регистрацијата на возила со странски таблички

Легална регистрација во Македонија со 50 од сто намалени трошоци е новата

Повеќе

Кривична пријава за фалсификаторка на пари

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР – Скопје поднесе

Повеќе

Видео: Стопирани Василичарите во Вевчани

Василичарскиот кaрневал во Вевчани кој поради короната претставува закана по

Повеќе

Нема сурварски огнови

Вака одлучи Општинскиот кризен штаб.
По оптимистичките информации дека мерките

Повеќе

Запрен шверц на лекови на ГП Богородица

Меѓународниот промет на стоки и во време на светска корона пандемија не запре.

Повеќе

За 10 дена санционирани 6.489 возачи

Засилените акциски контроли на сообраќајната полиција низ патиштата во земјава

Повеќе

Најмногу дожд наврна во Гевгелија

Изминатото деноноќие во Гевгелија наврнаа 45 литри воден талог на еден метар

Повеќе

Почина академик Георги Старделов, (1930-2021) роден гевгеличанец

Роден гевгеличанец и поранешен претседател на МАНУ д-р Георги Старделов почина

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.