Попладнево, во Скопје почина првиот глас на Радиотелевизија „Скопје“, легендарната спикерка Бранка Станковска. Вестите за нејзиното заминување ги сподели внуката, Ирина Костовска.
„Tивко во сон си замина мојата баба Бранка Станковска. Имам прекрасни спомени од неа, можеби затоа што бев прва внука па бев привилегирана од мала да поминувам повеќе време со неа. За работата што да напишам, беше вистински професионалец – дури и по нејзиното пензионирање беше активна и сè уште може да се слушне нејзиниот глас на радио програмите“, објави Костовска.
Имаше 90 години и остана запаметена како една од најпрепознатливите водителки на малиот екран, која целиот свој работен век го помина во Македонската радиотелевизија. Остана препознатлив глас на македонскиот национален медиумски сервис - МРТ каде работела од 1948 до 1987 година. Нејзината најава на првиот телелевизиски пренос од Црн Врв на 5 јуни 1964 година е почеток на програмата на ТВ „Скопје“, емитувана преку сопствената телевизиска мрежа. Неколку месеци подоцна, Станковска ги читаше и вестите на првиот телевизиски „Весник“, што го означи почетокот на емитувањето на редовната програма на Македонската телевизија.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Кривични пријави за угостител од Гевгелија и возач од Богданци
Гевгелиски угостител и возач од Богданци добиле кривични пријави од ОВР
Пет километарска колона возила кон ГП Богородица
Новиот режим на гранично работење што го најави грчкиот министер за цивилна
Грција ги зајакнува мерките на Евзони и Какавиа
Строгите рестрикации во Грција за спречување на ширењето на коронавирусот се
Мијалков осуден на 12 години затвор - спроведен е во КПУ Затвор Скопје
Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за
Три кривични пријави за локални возачи
ОВР Гевгелија во еден ден (22.02.2021 г.) поднесе три кривични пријави за
Донирани 20 компјутери за учениците од Негорци
Во време на пандемија кога наставата се одвива по електронски пат, поранешни
Распишана централна потерница за Сашо Мијалков
Судот попладнево изрече куќен притвор за Сашо Мијалков, но полицијата не може
Засадени дрвца во сеќавање на Игор Мицев
Граѓаните на Негорци денеска имаа несекојдневен помен во сеќавање на прерано
ОЈО Гевгелија: 30 дена притвор за вооружен разбојник
Деветнаесет дена по извршениот вооружен грабеж во казино во Богданци
19-годишен гевгеличанец загина во сообраќајна несреќа
Вечерва во 00:50 по полноќ на патниот правец Стар Дојран - Нов Дојран во