Со Закон казината и обложувалниците подалеку од училиштата

Недела, 24 Јануари 2021

Со измени на Законот за игри на среќа објектите од овој сектор, казина, обложувалници ќе бидат оддалечени до 500 метра од училиштата и факултетите.

Министерството за финансии на 21 јануари 2021 година во Националниот електронски регистар го објави почеток на процесот за изменување и дополнување на Законот за игри на среќа, но Асоцијацијата за спортски обложувалници негодува. Велат дека тоа ќе го погоди нивниот сектор и работните места на вработените.

Претходно, година две наназад, реагираше и Движењето против коцкање. Апелираат институциите да ги дислоцираат објектите за игри на среќа.

- „Движењето против коцкање се разликува многу од Асоцијацијата на обложувалници. Додека ние бараме дислоцирање на објектите за игри на среќа кои ќе бидат оддалечени три километри од населените места, тие бараат „поплавување“ од такви објекти каде клиенти се главно деца и разочарани родители. Тие се прават дека се загрижени за 7.700 вработени, а забораваат на тоа колку се бедни останатите 1 милион без трошка надеж за живот кои останаа на улиците“- вели Џемаљ Абдиу претставник на Движењето против коцкање.

Министерство за финансии подготвува измени на Законот за игрите на среќа и за забавните игри кои предвидуваат просториите во кои се приредуваат игри на среќа да бидат оддалечени на половина километар од училиштата и факултетите.

Во најавата за законските измени, објавена на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР), се вели дека со постојниот закон не е уредена оддалеченоста на деловните простории во кои се приредуваат игрите на среќа од основни и средни училишта и високообразовни институции.

- „Ваквиот начин на уредување дава можност младата популација да има лесен пристап до игрите на среќа. Согласно постојното законско решение, приредувачите на игри на среќа во обложувaлница и автомат клуб, со добивањето на една лиценца за автомат клуб и обложувалница имаат можност да отворат неограничен број на деловни простории односно уплатно исплатни места. Ваквиот начин на отворање на деловните простории за приредување на игри на среќа на автомати, има позитивни ефекти само за приредувачите, на кои им се овозможува со плаќање на надоместок само за една лиценца да отворат голем број на деловни простории, а негативни ефекти врз Буџетот на Република Северна Македонија заради помалку остварените приходи по овој основ“, укажуваат од Министерството за финансии.

Оттаму додаваат дека со цел заштита на младата популација од лоши и несоодветни навики за нивната возраст, се предлага деловните простории, односно уплатно-исплатните места во кои се приредуваат игрите на среќа да бидат оддалечени 500 метри од основни и средни училишта и високообразовни институции.



.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Запленета дрога во вредност од еден милион евра на ГП „Богородица“ и кај

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (06.03.2021) во

Повеќе

Запленет камион со половина тон марихуана на ГП Богородица

Вечерва на Граничниот премин „Богородица“ запленет е камион полн со 500

Повеќе

Почина градежен работник во Гевгелија

Во централното градско подрачје каде се изведуваат градежни работи на просторот

Повеќе

Запленети 200 кг марихуана на граничната линија, приведени две лица

Одделот за криминалистика при ОВР Гевгелија во соработка со специјализирани

Повеќе

Тежок сообраќаен билтен - еден починат, еден тешко повреден

Едно починато и едно лице со тешки телесни повреди, без податоци за настаната

Повеќе

ОКШ Гевгелија бара воведување полициски час

Галопирачкиот раст на новозаболени од корона во Гевгелија и регионот (видно од

Повеќе

Почина Веселинка Поп Гонова

Утрово во Клиника „Жан Митрев“ воСкопје, каде што беше хоспитализирана оваа

Повеќе

Лишени од слобода двајца жители на о. Гевгелија

Прексиноќа пред полноќ, поточно во средата, жител на Мрзенци и жител на

Повеќе

Три последователни потреси во Грција почувствувани и во Гевгелија

Вечерва од 19:38 часот, 19:53 ч. па до 20:25 часот почуствувани се три

Повеќе

Почувствуван земјотрес во Гевгелија

Благо движење на земјата како лулање во правец југ-север-југ вечерва беше

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.