Собранието со 62 „ЗА“ изгласа доверба на Владата

Среда, 03 Март 2021

Парламентарното мнозинство уште еднаш ѝ аплаудираше на Владата. Овој пат за доверба докажана повторно со 62 гласа за Владата, постапка која ја побара премиерот Заев. За време на гласањето, опозицијата не беше присутна во салата.

- „62 гласа За. Кој е против? Против нема. Кој е воздржан? Нема воздржани“, констатира претседателот на Собранието.

Премиерот Заев успеа да ја пресретне интерпелацијата која што ја најавуваше опозицијата и за прв пат во историјата на независна Македонија тој лично побара да се гласа доверба на Владата.

Барањето, очекувано, со 62 „за“, ниту еден против или воздржан мина кај пратениците.

Заев попладнево, сосема неочекувно се појави во Собранието кое што веќе десетина дена не моѓеше да обезбеди кворум и да почне со работа. Иако на дневен ред беа закажани продолженија на неколку седници тој застана на говорницата и усно побара да се гласа за доверба, повикувајќи се на член 217 од Деловникот за работа на Собранието и член 93 од Уставот.

- „Ја преземам одговорноста да се соочиме и да расчистиме. Да го видиме на дело толку најавуваното мнозинство од опозицијата која наводно ќе ја падне оваа влада. Ова е моментот да покажеме пред граѓаните колку има вистина од опизицијата, да видиме за што станува збор стабилна власт со стабилно мнозинство или разнишана опизиција. Нема да дозволиме несигурност, неизвесност, сопки, блокади и опструкции. Денес ќе се види дека оваа владина коалиција оди и чекор понатаму во практикувањето на демократијата и нема ништо против пратениците од помалите политички партии на нашата коалиција да го користат легитимното право да делуваат самостојно во парламентот“, рече Заев пред пратениците.

Во своето обраќање ги обвини ВМРО-ДПМНЕ дека се „најголемиот кочничар на реформите, мерките и политики што се во интерес на граѓаните“.

Опозициската ВМРО - ДПМНЕ, која во неколку наврати тврдеше дека е блиску или има мнозинство во Парламентот, со остри реакции пред да ја напушти седницата. Тие го обвинија премиерот Заев дека нема храброст да се соочи со нив и да дозволи три дена дебата пред гласањето во која тие би ги посочиле сите пропусти, криминали и аномалии во нивното работење.

Според членот 217 од Деловникот, на кој се повика Заев, ако премиерот побара гласање на доверба на Владата, усно на пленарна седница, тогаш за барањето се гласа на самата седница и без расправа. Единствено претседателот на Владата има право на уште едно обраќање пред чинот на гласање.

Според Уставот, откако денеска на Владата ѝ беше изгласана доверба, истото прашање, не може да се постави во наредните 90 дена во Парламентот.

 

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Сара, Андреј и Љупчо прваци по биологија во Општината, 2 и 3 место на државно

Седмо одделенецот Андреј Димов од ООУ „Крсте Мисирков“ од Гевгелија неделава на

Повеќе

Донесени мерките од 5-от пакет економски мерки за граѓаните и фирмите

Од присутни 114 со 113 гласа „ЗА“ Собранието го донесе Законите за финасиска

Повеќе

Две први и 1 второ место за учениците од ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Он лајн учењето изгледа не им нашкоди на нашите ученици во постигнувањето

Повеќе

Недела на солидарноста во организација на Црвен крст Гевгелија

Црвен крст Гевгелија организира хуманитарна акција во соработка со Црвениот

Повеќе

Донација на Царинска Управа за „Родителската куќа“ на децата болни од карцином

Со традиционална хуамнитарна акција на вработените од Царинската управа, а по

Повеќе

Нова пресуда за Мијалков: 8 години затвор за „Трезор“

Вкупно 28 години затвор за четворица обвинети во случајот „Трезор“ кој се

Повеќе

Камчев останува во Шутка, одлучи Кривичниот Суд

Притворениот Орце Камчев останува зад решетки, во притвор во затворот „Скопје“

Повеќе

Почина Д-р Билјана Ичева

Докторката Билјана Ичева, (1959-2021 г.) вработена во Негорските минерални Бањи

Повеќе

Кривична пријава за гевгелиски угостител

Две кривични пријави за прекршување на здравствените прописи против ковид-19

Повеќе

МВР: Приведени шест лица од криминалната-нарко група

По вчерашната успешна акција на МВР заедно со Американската Агенција за

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.