Топ Новости
Воз удрил во автомобил кај с.Давидово - Понеделник, 27 Јули 2020 17:55

Украина пред вонредна состојба

Понеделник, 27 Јануари 2014

Демонстрантите ги завзедоа зградите на Министерствата во Киев, заради што Украинската министерка за правосудство ќе побара воведување вонредна состојба  

 

Украина пред вонредна состојбаКиев, 27 јануари - Украинската министерка за правосудство, Олена Лукаш, ги предупреди антивладините демонстранти кои го окупираа нејзиното министерство дека ќе побара воведување на вонредна состојба доколку не го напуштат објектот.

Лукаш вонредна состојба ќе побара од Националниот совет за безбедност и одбрана доколку демонстрантите не излезат од зградите на министерствата во Киев, кои беа заземени во неделата вечерта и пред кои се поставени барикади со вреќи, пренесуваат странските медиуми.

Радикалната група активисти „Вистинско дело" ги искршила прозорите на зградата на министерството за правосудство и го уништила официјалниот знак.

Опозицискиот лидер и поранешен боксерски шампион Виталиј Кличко, побара од демонстрантите да излезат од зградата, но тие не го послушаа.

Полицијата отворила истрага поради упадот во окупираната државна зграда.

Бунтот се прошири низ целата земја дури и на истокот, стандардно поблизок до Русија, а опозицијата ги зазеде сите општински канцеларии во десет градови, соопштуваат локалните медиуми.

Владини канцеларии биле нападнати и во источните подрачја на земјата каде претседателот Јанукович традиционално ужива силна поддршка.

Опозицискиот лидер Арсениј Јачењук ја одбил понудата на Јанукович да го именува за премиер бидејќи, како што истакнал Јачењук, основните барања на демонстрантите мора да бидат исполнети, меѓу кои и одржување на избори.

Според официјалните податоци, во судирите на демонстрантите и украинските сили за безбедност загинале три лица, додека опозицијата тврди дека вистинската број на загинати изнесува шест лица.

Last modified on Вторник, 28 Јануари 2014 - 05:16

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Честит 2 август – Денот на републиката

Денешниот втор августовски ден 2020 Македонија го слави Денот на Републиката,

Повеќе

Една фирма во Гевгелија, 2 од Богданци и 4 во Валандово, искористиле владина

За април 2020 година една фирма од Гевгелија и две фирми од Богданци

Повеќе

Една година од огнената стихија во Гевгелија која пеплоса шест стана

На 30 јули во 11:20 часот на улицата „Ристо Чавдаров“ бр. 25 во Гевгелија лани

Повеќе

Пожарот кај Моин локализиран - изгоре 10 хектари деградирана шума

После седумчасовна интервенција на пожарникарите од ТППЕ Гевгелија помогнати со

Повеќе

Јули завршува со две температурни 40-ки за Гевгелија

Иако деновиве просечната темпреатура во јули се движеше од 35 со неколку 38-ци

Повеќе

Пожар кај Моин во месноста „Срнак“ се' уште активен

Три возила на Територијалната противпожрна единица од Гевгелија со 6 лица

Повеќе

Воз удрил во автомобил кај с.Давидово

Денеска (27.07.2020 г.) пред мугрите во 04:45 часот, се случила сообраќајна

Повеќе

Во Струмица попави, во Валандово штети, во Гевгелија краткотраен пороен дожд

Вчерашното облачно време во Гевгелија донесе краткотраен пороен дожд, но во

Повеќе

Редари од Општина Дојран со акција за промовирање на ковид мерките за заштита


Ваучер туризмот заживеа деновове во Дојан, а за време на викендите бројот на

Повеќе

Поплави во Загреб, починал еден член од спасувачките екипи, поплави и во Тузла

Со врнежи од дожд кои донесоа воден талог од 70 литри наврнат дожд на 1 метар

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.