Фајненшел тајмс: Соседи фокусирани на иднината
Тоа е првата тема на весникот.
Брегзитот што ја тресе Британија е втора тема.
Зоран Заев и Алексис Ципрас со својот договор за соработка потпишан за време на вчерашната прва официјална посета на грчки премиер на нашата земја се вест на денот на насловната страна на угледниот Лондонски весник кој специјално третира теми од областа на економијата и бизнисот.
Важноста на таквиот третман е поткрепена со фактот што се работи за печатен медиум кој постои веќе 131 година со милионски тираж и милионски дигитални следбеници.
За македонските достигнувања, добрососедство и заеднички планови за соработка за градење на подобра иднина дознава и светот.
Фото: Од денешната насловна на Financial times - Светот го поздравува добрососедството меѓу Маакедонија и Грција