Топ Новости

Спречен влез на мигранти во Македонија

Петок, 05 Април 2019

Видео: Грчката полиција употребила шок бомби за да го спречи обидот на мигрантите за влез во Македонија 

 

 

Грчката телевизија AMNA TV објави видео од денешниот судир на грчката полиција со мигранти на северната граница на Грција со Македонија кои ги напуштиле привремените тамошни сместување и се упатиле на илегален премин на границата.
Над 500 мигранти биле потиснати во намерата да ја преминат границата, откако настанал директен судир со полициските сили по кои мигрантите фрлале и камења во намера да го пробијат полицискиот кордон. Полицијата употребила солзавец и шок-бомби за да ги спречи во нивниот обид. Грчките медиуми пренесуваат дека меѓу мигрантите имало и мајки со деца, кои бараат да ја преминат границата за да продолжат кон Германија.

 



Грчките власти ги повикаа мигрантите да се вратат во бегалските кампови или во спротивно им се закануваат санкции. Мигрантите се собрале откако на социјалните мрежи било објавено дека ќе биде организиран пат преку грчката граница со Албанија.

„Ги повикувам сите тие луѓе да се вратат во своите сместувања“ рекол грчкиот министер за миграција, Димитрис Вицас, за ЕРТ. Тој додал дека се работи за лажна информација дека ќе биде отворена границата. „Во меѓувреме, договорите имаат како обврски, така и санкции“, нагласил Вицас.

 

Last modified on Петок, 05 Април 2019 - 13:38

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Лишени од слобода тројца посетители на „Бел рај“ кај Миравци

Тројца средновечни граѓани на возраст од 38 до 40 години синоќа на 15 минути

Повеќе

Собранието се распушти

Со 108 гласови „ЗА“ и ниту еден против или воздржан денеска во 17:00 часот

Повеќе

Изгласан законот за Јавно обвинителство

Со 80 гласови „ЗА“ од 116 присутни од кои само шестмина беа „против“ денеска во

Повеќе

Макрон ја отвори вратата за преговори на ЕУ со Македонија и Албанија

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека ако резултатите од

Повеќе

Собранието ја Разреши министерката Мизрахи – изгласани и измени на Изборниот

Собранието доцна синоќа со 62 гласа „за“ и 26 гласа „против“ ја разреши

Повеќе

Свети Трифун - заштитник на градинарите и на лозарите

Меѓу поголемите празници кои македонскиот народ ги празнува со многу обичаи

Повеќе

Расте листата на должници кон УЈП

Фирми во стечај, но и спортски клубови меѓу најголемите неплаќачи на данок во

Повеќе

Закон за откуп на работен стаж - мирно до пензија!

Сите оние кои наполниле 65 години, а немаат 15 години работен стаж поради

Повеќе

Македонија го ратификуваше договорот за членство во НАТО

Денеска Собранието на РСМ со 114 гласови „ЗА“ го ратификуваше договорот за

Повеќе

Гевгелија повторно град со пливачки базен

На предлог на Агенцијата на млади и спорт Владата на РСМ донесе програма за

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.