Топ Новости

Се смирува тензичноста во Северно Косово

Вторник, 28 Мај 2019

Утринската акција на специјалните единици на косовската полиција РОСУ во северниот дел од Косово, но и во неколку други делови на земјата, заврши нешто по 13 часот.

Медиумите известуваат дека косовските специјалци веќе се целосно повлечени од областите на северот од земјата населени со мнозинско српско населени.

Косовската полиција соопшти дека во акцијата за борба против организираниот криминал, спроведена во општините Звечан, Зубин Поток, Лепосавиќ, Северна Митровица, Јужна Митровица, Србица и Глоговац, се уапсени неколку граѓани и неколку полициски службеници од различни националности – Албанци, Срби и Бошњаци, кои се осомничени за шверц на стоки, злоупотреба на службена положба, давање поткуп, недозволена трговија и други кривични дела.

Според се уште официјално непотврдени информации, што ги објавија некои косовски медиуми, во денешната акција се уапсени 19 полициски службеници и деветмина цивили.

Претседателот на Косово Хашим Тачи, по состанокот со челниците на безбедносните структури, изјави дека има информација оти меѓу уапсените е и еден руски државјанин, кој се претставувал како дипломат и се обидувал да ја спречи полицијата во вршењето на својата работа.

Тачи во изјава за новинарите нагласи дека полициската операција е исклучиво со цел спречување на организираниот криминал и дека не е насочена против ниту една етничка заедница.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска нагласи дека во акцијата на специјалните единици на Косово, наречени Росу, уапсени се 23 лица од српската и бошњачката националност во северниот дел на Косово, претежно членови на косовската полиција.

Според него, тоа е обид „за целосна криминализација на нашиот народ“.

Вучиќ во српскиот Парламент рече дека досега на територијата на северниот дел на Косово специјалните единици упаднале со 73 претежно оклопни возила, додека повеќе од 50 возила чекаат во јужна Митровица, 15 во општина Србица, а осум се веќе испратени во реонот на општина Зубин Поток.


Извор: 24вести

Last modified on Вторник, 28 Мај 2019 - 15:25

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Актуелно: Опожарена трева покрај железничката пруга кај Давидово го донесе

Со дојава до Пожарна Гевгелија во 11:15 часот денеска е актуелизирана акција за

Повеќе

Гевгелија донира за оштетените од пожарот

Неделниот викенд ден гевгеличани се солидаризираа со оштетените од опожарената

Повеќе

SKY Хотел повторно вработува

Шест месеци по првиот голем оглас за прием на нови работници, SKY хотел во

Повеќе

Експресен пат од ГП Ново Село до Смоквица и Коридор 10

Директорот на Јавното претрпијатие за државни патишта Зоран Китанов денеска ја

Повеќе

Заев: Нема да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар и педер да ја

На прославата на 18-годишнината од Охридскиот рамковен договор првпат по

Повеќе

Пендаровски: Брзо расчистување на случајот „Рекет“

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска јавно побара брзо

Повеќе

Дојрански ракувања 2019 со фестивал на риба и вино

Со тридневен фестивал на рибата и виното, но со богата музичка забава синоќа

Повеќе

Олдкар тимот со донација за семејствата од опожарената зграда

Банкарски налог со уплата од 15.500,- денари е сумата која денеска ја уплатија

Повеќе

Противпожарен воз од Велес до Гевгелија

Во функција на противпожарна безбедност долж железничката пруга од Велес до

Повеќе

Локализиран шумскиот пожар на Осогово

Шумскиот пожар кој избувна на локација стар пат с.Бели-Пониква утринава околу

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.