Топ Новости

Грција почнува да забранува пушење цигари на плажa

Четврток, 30 Мај 2019

Аларм за пушачите годишноодморци на грчките плажи: Грција почнува да забранува пушење цигари на плажи, а почнува со пилот програма од оваа дестинација:

Плажата Ваја на Серифос е прва во групата острови на Киклади, но и во цела Грција, на која ќе биде забрането пушењето на цигари. Оваа мерка тамошните власти ја најавија во пресрет на Светскиот ден без тутунски чад, кој се одбележува утре , 31 мај.

Исто така, на оваа мерка се одлучиле и поради тоа што при чистење на бреговите во претходните години е утврдено дека токму отпушоците сочинуваат најголем дел од отпадот и дека со тоа ја загрозуваат природата, која на тој остров и така е веќе загрозена.

Поради се тоа е одлучено да се започне пилот програма, и да се почне токму од оваа плажа која е најмногу загрозена од отпушоците, и да се следи примерот на оваа пракса која е веќе започната во Франција и Шпанија за да се спречи загадувањето на морето.

А што ќе прават пушачите?

На плажата Ваја ќе има инструкции кои всушност ќе бидат контролирана зона за пушачи, каде ќе се наоѓаат пепелници со испишани пораки за заштита на околината, како и соодветени знаци со информации.

Др. Ангели Космополу, извршен директор на Фондацијата Атанасиос К. Ласкардис која се грижи за заштита на животната средина на островите Киклади, истакнува дека „цигарите се најчест вид на загадување на овие острови, а посебно на Серифос“.

- „Целта е да се обидеме Ваја да биде првата плажа на која ќе биде забрането пушењето , како би се кренала свеста меѓу луѓето и како би се спречило понатамошно загадување. За разлика од многу други видови ѓубре, отпушоците не се исфрлени на брегот - тие се оставени, „заборавени“. Се надеваме дека оваа забрана ќе помогне да се намали загадувањето со отпушоци и на другите острови“.

Ако ви пречи тутунскиот чад или опушоците на плажите кои може да се најдат секаде, на оваа плажа ќе уживате.


Last modified on Четврток, 30 Мај 2019 - 15:27

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Актуелно: Опожарена трева покрај железничката пруга кај Давидово го донесе

Со дојава до Пожарна Гевгелија во 11:15 часот денеска е актуелизирана акција за

Повеќе

Гевгелија донира за оштетените од пожарот

Неделниот викенд ден гевгеличани се солидаризираа со оштетените од опожарената

Повеќе

SKY Хотел повторно вработува

Шест месеци по првиот голем оглас за прием на нови работници, SKY хотел во

Повеќе

Експресен пат од ГП Ново Село до Смоквица и Коридор 10

Директорот на Јавното претрпијатие за државни патишта Зоран Китанов денеска ја

Повеќе

Заев: Нема да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар и педер да ја

На прославата на 18-годишнината од Охридскиот рамковен договор првпат по

Повеќе

Пендаровски: Брзо расчистување на случајот „Рекет“

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска јавно побара брзо

Повеќе

Дојрански ракувања 2019 со фестивал на риба и вино

Со тридневен фестивал на рибата и виното, но со богата музичка забава синоќа

Повеќе

Олдкар тимот со донација за семејствата од опожарената зграда

Банкарски налог со уплата од 15.500,- денари е сумата која денеска ја уплатија

Повеќе

Противпожарен воз од Велес до Гевгелија

Во функција на противпожарна безбедност долж железничката пруга од Велес до

Повеќе

Локализиран шумскиот пожар на Осогово

Шумскиот пожар кој избувна на локација стар пат с.Бели-Пониква утринава околу

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.