Топ Новости

Исчезна глечерот ОК во Исланд, за еден ден се стопија 12,5 милијарди тони мраз

Понеделник, 19 Август 2019

Граѓаните на Исланд, но и светот, од вчера се збогуваа со глечерот Окјоклур, наречен ОК кој целосно се истопи. За еден ден се истопија 12,5 милијадри тони мраз, а беше прогнозирано тоа да се случи до 2070 година. Промената на климатските промени го забрза топењето за 6о години порано, што претставува глобален климатски проблем.

Во негова чест беше поставен споменик, а геологот Одур Сигурисон кој уште пред 10 години го прогласи за мртов. На настанот се читаше поезија, се одржа едноминутен молк, се постави и табла, „Писмо на иднината„ што треба да претставува потсетник за уништувањето на природата.

„Ок е првиот исландски глечер што го загуби статусот на глечер. Во наредните 200 години, сите наши глечери се очекува да го следат истиот пат. Овој споменик е признание дека знаме што се случува и што треба да се направи. Само Вие ќе знаете дали тоа го направивме. “

„Се чувствувам тажно, мислам дека овој момент ќе го памтат многу идни генерации. Сигурна сум дека дури и моите внуци би ме прашале, зошто не сум сторила повеќе“ - вели Гунхилдур Халгримсдотир - студентка.

Премиерката на Исланд, Катрин Јакобсдотир, предупреди дека ова е само почеток и дека многу скоро, ваквите сведоштва ќе бидат се побројни. Исланд секоја година губи по околу 11 милијарди тони мраз, глобалното затоплување го зема данокот.

„Ние го гледаме лицето на климатската криза на различни начини ширум светот, но тоа е иста климатска криза. Ни треба межународна соработка, мора да размислими на каков начин ќе се соочиме со овој предизвик“ - рече Катрин Јакобсдотир – премиерка на Исланд .

Научниците години наназад предупредуваат за последиците од глобалното затоплување. Куси и долгометражни документарци говорат за топењето на стотици тони мраз, а неодамнешната фотографија која ја сними данскиот метеоролог Стефен Олсен на која е прикажана како кучиња влечат санка по вода на Гренланд е најнов доказ дека топењето се случува дури 60 години порано од првичните предвидувања.

Со цел да се зголеми притисокот кон светските влади во пресрет на Самитот за климатска акција на Обединетите Нации на крајот на септември во Њујорк, и Конференцијата за климатски промени во Сантјаго де Чиле во декември, почнувајќи од 20-ти септември на светско ниво започнува глобална климатска акција на секојдневни протести.
Двата настани ќе бидат клучни за донесувањето одлуки во насока на задржување на глобалното загревање под критичната граница од 1.5 степени Целзиусови.

Окјокул е првиот глечер кој „исчезнал“ во Исланд. Но, геологот Сигурисон вели дека целиот мраз во државата ќе го снема за 200 години. Во чест на исчезнатиот глечер присутните поставија спомен плоча, насловена ОК. (Видео)

Last modified on Понеделник, 19 Август 2019 - 18:38

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Јане Велковски од Македонија ќе учествува преку УНИЦЕФ на самит на ОН

Единаесет годишниот Јане Велковски, кој е застапник на деца со попреченост од

Повеќе

Ученици собраа 53,2 кг пластичен отпад од „Илинденска“ во Гевгелија

Екоакцијата организирана на крајот од работната недела во Гевгелија на улица

Повеќе

Во декември почнува „Мој ДДВ – Моја Награда“ со награден фонд од половина

Две главни награди, но и доделување на дневни и месечни награди со вкупен

Повеќе

Ветинг во судството вети Заев на граѓанска трибина во Велес

По низата реакции во јавноста за застарените судски случаи кои судот ги

Повеќе

Средба на борците од Кленоец и Гевгелиски членови на СЗБ од НОБ

Во чест на народниот херој Јосиф Јосифовски Свештарот кој е по раѓање

Повеќе

Еденипол часовен протест на судската администрација во Гевгелија

Триесет и тројца вработени во Основен суд Гевгелија со работен статус „судска

Повеќе

Иницијатива за незастарување на кривични дела направени од функционер

Екпертите со иницијатива: Кривичните дела сторени од функционери да не

Повеќе

Изгласана минимална плата од 14.500 денари во Собранието

Попладнево пратениците во републичкото Собрание го изгласаа Законот со кој

Повеќе

Агрометеоролошки станици за заштита на земјоделските посеви во Гевгелија

Со проект на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, каде припаѓа и

Повеќе

Од утре, 15 ноември, задолжително поседување на зимска опрема за возилата

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека во периодот од

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.