Топ Новости

Сенатот на САД го ратификуваше протоколот за НАТО за Македонија

Вторник, 22 Октомври 2019

Со 84 гласови „ЗА“ и 2 против Американскиот Сенат, доцна синоќа во забрзана постапка го ратификуваше протоколот за пристапување на Македонија во НАТО. Ратификацијата помина без дебата и сега го чека потписот на претседателот Трамп со што обврските на САД кон проширувањето со Северна Македонија ќе бидат комплетни.

- „Сите сенатори гласаа, за се 84, двајца се против, избраните сенатори гласаа за предлогот како што е договорено.“ - Џон Бузман, Сенатор на републиканската партија.

Со ратификацијата и во Францускиот сенат пред неколку дена сега постапката за целосното членство на Македонија во НАТО е почната или речиси завршена во дури 27 земји.

Потврдата за 30 та членка на НАТО треба да започне уште во Исланд и Шпанија, каде со оглед на распишаните избори на 10 Ноември може да се случи и најголем застој. Инаку од почнатите постапки освен потписот на Трамп во САД остануваат уште потписите на претседателите во Италија и Франција, кралскиот указ во ВЕЛИКА БРИТАНИЈА и потписот на кралицата во Холандија.

За Северна Македонија да стане полноправна членка на Алијансата неопходно е Протоколот да биде ратификуван во парламентите на сите 29 земји-членки, а на крајот и во македонското Собрание.

Поради закажаните избори во Шпанија, надежите на Скопје дека формалниот прием ќе се случи за време на самитот на НАТО во Лондон на почетокот на декември годинава се теоретски остварливи. Сепак, очекувањата се дека тоа ќе се случи на почетокот на следната година, најверојатно во февруари.


Last modified on Вторник, 22 Октомври 2019 - 19:25

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Јане Велковски од Македонија ќе учествува преку УНИЦЕФ на самит на ОН

Единаесет годишниот Јане Велковски, кој е застапник на деца со попреченост од

Повеќе

Ученици собраа 53,2 кг пластичен отпад од „Илинденска“ во Гевгелија

Екоакцијата организирана на крајот од работната недела во Гевгелија на улица

Повеќе

Во декември почнува „Мој ДДВ – Моја Награда“ со награден фонд од половина

Две главни награди, но и доделување на дневни и месечни награди со вкупен

Повеќе

Ветинг во судството вети Заев на граѓанска трибина во Велес

По низата реакции во јавноста за застарените судски случаи кои судот ги

Повеќе

Средба на борците од Кленоец и Гевгелиски членови на СЗБ од НОБ

Во чест на народниот херој Јосиф Јосифовски Свештарот кој е по раѓање

Повеќе

Еденипол часовен протест на судската администрација во Гевгелија

Триесет и тројца вработени во Основен суд Гевгелија со работен статус „судска

Повеќе

Иницијатива за незастарување на кривични дела направени од функционер

Екпертите со иницијатива: Кривичните дела сторени од функционери да не

Повеќе

Изгласана минимална плата од 14.500 денари во Собранието

Попладнево пратениците во републичкото Собрание го изгласаа Законот со кој

Повеќе

Агрометеоролошки станици за заштита на земјоделските посеви во Гевгелија

Со проект на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, каде припаѓа и

Повеќе

Од утре, 15 ноември, задолжително поседување на зимска опрема за возилата

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека во периодот од

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.