Топ Новости
Навалица на рибари во Дојран - Вторник, 18 Февруари 2020 11:27

Австриската полиција ќе се всели во родната куќа на Хитлер

Среда, 20 Ноември 2019

Коренот на нацизмот, куќата каде се родил Адолф Хитлер во градот Браунау во Австрија со одлка на австриската Влада ќе стане седиште на австриската полиција.

- „Со тоа што полицијата во иднина ќе ја користи куќата ќе испратиме јасен сигнал дека на тоа здание му се одзема симболиката на сеќавањето на нацизмот“, изјави австрискиот министер за внатрешни работи Волфганг Пешорн.

Зградата во август ја презеде австриската држава, а наскоро ќе биде распишан и конкурс за нов изглед на родната куќа на нацистичкиот лидер. Како што е наведено, во куќата на Хитлер ќе биде сместена општинската команда на полицијата и полициската станица на Браунау.

Според австриските власти, на тој начин конечно би можел да биде запрен таканаречениот „нацистички туризам“, луѓе да пристигнуваат да ја посетат куќата во која што живеел некогашниот лидер на Третиот Рајх и по осум децении да се воскреснува идолопоклонството кон таков геноциден ум. Имено, нацистите од цела Европа пристигнувале во Браунау да ја посетат родната куќа на Хитлер, па австриските власти веруваат дека сега кога во куќата ќе се всели полицијата, нацистите ќе немаат повод да се поклонуваат на зградата на полицијата како градежно здание.

Државата повеќе години водеше спор со сопственичката на куќата, а на крајот австрискиот парламент во 2016-та година донесе одлука зградата да биде национализирана. Сопственичката на зградата упати бројни жалби, а последната беше отфрлена во август оваа година со што конечно беше решена судбината на куќата. Министерството за внатрешни работи на Австрија, од крајот на Втората светска војна ја закупи зградата и со високи ќирии спречуваше да стане светилиште на нацистите.

 

Last modified on Среда, 20 Ноември 2019 - 14:07

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Пет часовен прекин на електрична енергија во Гевгелија

ЕВН информира дека утре 29.02.2020 (сабота) со почеток од 05 часот наутро се до

Повеќе

Одложена училишната екскурзија за Италија на учениците од СОУ „Ј.Јосифовски“-

Следејќи ги препораките на Владата, Министерството за здравство и Институтот за

Повеќе

Ветровита Гевгелија со брзина на ветер од 50 км/час

Денешното тивко и напати облачно време попладнево продолжи со ветерни налети

Повеќе

Притвор за осомничен за силување на малолетничка во Гевгелија

Основното јавно обвинителство Гевгелија до судијата на претходна постапка при

Повеќе

Рехабилитација на патот Нов Дојран-Стар Дојран-Граничен премин Дојран

Осумтотини илјади евра за рехабилитација на патиштата и улиците во општина

Повеќе

Исплатени субвенциите за обработлива површина до еден хектар

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на

Повеќе

Зајакната контролата на аеродромите и на граничните премини

Македонските епидемиолози велат дека ќе бидат потребни големо екипирање и

Повеќе

Нов дворед и тротоар до Градскиот пазар во Гевгелија

Со почетокот на уредувањето на тротоарите од двете страни на улицата „Миле

Повеќе

Се крчкаат кандидационите партиски листи за Парламентарните избори 2020

Заклучно до 12 март, на 30 дена од одржуавњето на закажаните вонредни

Повеќе

Задушница - гевгеличани во сеќавање на упокоените ги посетија вечните

Гевгелиските гробишта денеска беа преполни од посетители и роднини кои палеа

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.