Топ Новости

Иран го возвраќа ударот, нападнати се американски бази во Ирак

Среда, 08 Јануари 2020

Иранската револуционерна гарда вечерва истрела најмалку 30 балистички проектили врз две американски бази во Ирак, но засега нема официјални информации за можни жртви. На мета на иранските балистички проектили се нашле базите Ирбил и Ајн ел Асад, јавуваат ирачки медиуми.

Револуционерната гарда ги предупреди сите околни земји дека ќе се најдат на мета на напади, доколку американските сили почнат напади од државите кајшто се стационирани. Набргу по експлозијата американските вооружени сили потврдиле дека проектилите биле испалени од иранска територија. Хезболах, објави почеток на одмаздата за генералот Касим Сулејмани.

Ракетните напади почнаа неколку дена откако американски дронови снимија движење на ирански ракетни единици. За ракетниот напад е известен американскиот претседател Доналд Трамп. Втората најголема американска база во Ирак се наоѓа 160 километри западно од Багдад и во минатото беше мета на напади на Исламската држава. Во оваа база се стационирани дронови „рипер“ за кои се верува дека минатата недела се употребени во нападот во кој беше убиен иранскиот генерал.

 

Last modified on Среда, 08 Јануари 2020 - 03:32

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Во изолација 60 полицајци на служба во Гевгелија

Околу шеесетина полицајци кои ја чуваат јужната граница на Македонија поради

Повеќе

Шести ден протести во САД кои зафатија 25 држави

Смртта на George Floyd од рацете на полицијата во Минеаполис предизвика широки

Повеќе

Лишени од слобода седум гевгеличани и еден валандовчанец

МВР известува дека денеска се поднесени кривични пријави за седуммина

Повеќе

Пендаровски одлучи – Нова вонредна состојба до 14 јуни

Претседателот Пендаровски по денешниот состанок на Советот за безбедност во

Повеќе

Приведен 22 годишен богданчанец за кријумчарење мигранти

Превезувал нелегално 13 мигранти од Бангладеш со комби, но поради неприлагодена

Повеќе

Тролски фарми од Македонија и Филипините ја туркаа дезинформацијата за

Еден од најголемите издавачи на дезинформации за коронавирус на Фејсбук е

Повеќе

Ќе има ли нова вонредна состојба?

Нови 52 заболени од Ковид-19 за изминатите 24 часа, непочитување на мерките за

Повеќе

Бетонирана улицата „Деко Ковачев“ во Гевгелија

Уличниот крак од улицата „Деко Ковачев“- Гевгелија, во должина од околу 300

Повеќе

Почувствуван земјотрес во југот од Македонија

Тектонско придвижување на земјиното тло вечерва во 22:55 часот почувствуваа

Повеќе

Во чест на Спасовден - заштитникот на Гевгелија

Денеска е Св. Спас - заштитник и спасител на луѓето, заштитник на Гевгелија.

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.