Топ Новости

Владата во Русија се распушта - спрема ли Путин новa политичка моќ за себе

Четврток, 16 Јануари 2020

Премиерот на Русија, Дмитриј Медведев поднесе оставка и ја распушти владата само неколку часа откако претседателот Владимир Путин ги најави уставните измени кои би ја ослабеле моќта на неговиот наследник и дека од неговата власт би ја префрлиле на премиерот и во парламентот.

Овие ненадејни политички земјотреси во Русија угледниот „The Guardian“ ги најави како подготовка на Робин (Медведев) да му ги отстапи крилјата на Бетмен (Путин). 

Одлуката на премиерот на Русија Дмитри Медведев да ја распушти владата го шокираше светот, а многумина се прашуваат која е заднината на оваа објава која следеше само неколку часа откако претседателот Владимир Путин предложи уставни измени со кои поголеми овластувања ќе добијат владата и парламентот.

Се огласи и ривалот на Путин, Алексеј Навални:

– „Главната порака од обраќањето на Путин: Сите кои мислеа дека тој ќе замине од власта во 2024 година се идиоти. Да остане лидер цел живот, да го преземе владеењето над цела држава и да го присвои богатството за себе и пријателите е единствената цел на Путин и неговиот режим“ – напиша Навални.

Во денешното обраќање пред Сојузното собрание, Путин рече дека нема да бара промена на Уставот за да го укине ограничувањето од два последователни претседателски мандати за да си овозможи останување на власт и по 2024 година, но дека сепак ќе бара некои нови амандмани.

Путин предложи Државната дума да има овластување да го предложува премиерот, неговиот заменик и министрите, а претседателот да има правна обврска да ги именува предложените кандидати. Тој ги претстави своите предлог-измени како значајна промена на рускиот Устав и повика на одржување на прв национален референдум од 1993 година за да ги потврди.

Со еден потег кој го отвора патот за најголемиот политички земјотрес во Русија во последните десет години, Медведев отстапи заедно со целиот свој кабинет и додатно ги предизвика сомнежи дека претседателот на Русија нема намера да отстапи од власта по 2024 година.

Со измените во Уставот Претседателската фунција би станала протоколарна, додека вистинската моќ, на каква е навикнат Путин, повторно би била во рацете на премиерот.


Last modified on Четврток, 16 Јануари 2020 - 03:57

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Трговски оператори во Гевгелија вршат достава до нарачатели за време на

За време додека трае забраната за движење на граѓани и возила (т.н.

Повеќе

Корона низ бројки кај нас и во светот до 13 часот

Истекува 41 ден од првиот дијагностициран случај со корона во Македонија, а во

Повеќе

Во Гевгелија наврнати 90 литри дожд на 1 м2 за пет дена, водостојот на Вардар

Почетокот на месец април започна со дожд и во изминатите пет денови од 01 до 05

Повеќе

Македонија влегува во втора фаза во битката со корона вирусот

Нови 72 заразени од корона вирусот, тројца оздравени и двајца починати е

Повеќе

Општина Гевгелија со мерки за олеснување на општинските даноци и такси кон

Поради епидемијата со корона вирусот во државата Владата донесе два пакета

Повеќе

Царинските работници активни во одржувањето на домашната економија и за време

Додека трае епидемијата со корона вирусот и вонредната состојба во државата

Повеќе

Тешко повреден возач во сообраќајка кај Прдејци

Новоасфалтираниот регионален пат Прдејци-Смоквица кој е оптеретен со промет од

Повеќе

Втората акција - пакети со лична хигиена за социјалните категории граѓани во

Мобилни тимови на Општина Гевгелија и денеска ја продолжуваат акцијата за помош

Повеќе

Македонија доби пристап до Европскиот Солидарен Фонд

Заедничката борба со корона вирусот се повеќе не' приближува и обединува со

Повеќе

Во прекин железничкиот сообраќај - Товарен воз излета од пругата кај Миравци

Поради одрон на камења врз самата железничката пруга која ја блокирала во

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.