Шпанија со итен протокол за ратификација на членство на Македонија во НАТО

Среда, 22 Јануари 2020

Владата на Шпанија вчера го одобри и го достави на усвојување во Паралментот протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО. Со доставата на протоколот до Парламентот, Шпанската Влада побара од Парламентот по итна постапка да го ратификува Протоколот за НАТО.
Владата на премиерот Педро Санчез побара од Парламентот протоколот да биде ратификуван по итна постапка имајќи предвид дека Шпанија е последна од 29-те членки на НАТО што тоа го нема направено, пренесува шпанската новинска агенција ЕФЕ.

– „Неопходно е ратификацијата да биде по итна постапка со цел да не се одложуваат заложбите на Шпанија како сојузник во НАТО за прием на Северна Македонија во Алијансата“, се вели во образложението на шпанската Влада.

Владата во Мадрид во јули лани достави до Парламентот барање за ратификација на протоколот, но поради распишувањето на предвремените парламентарни избори на 10 ноември постапката беше прекината.
Лидерот на социјалистите Санчез на почетокот на месецов доби поддршка од Парламентот за да формира коалициска влада, со што се стави крај на речиси едногодишната политичка криза во четвртата по големина економија во еврозоната.

За десет месеци Протоколот за пристапување во НАТО го ратификуваа 28 од вкупно 29 членки, а приемот на Северна Македонија како 30-та членка на НАТО е извесно, влезот е само формалност, бидејќи одлуката и согласноста од 29 земји-членки е веќе дадена.

Од наша страна, пак Предлог-законот за ратификација веќе е во собраниска процедура. Владата кон крајот на минатиот месец се одлучи за предвремена ратификација кај нас, со цел да не се загуби континуитетот во процесот на официјализирање на нашето членство со оглед на тоа што земјава оди на предвремени избори на 12 април, а Парламентот се распушта на 12 февруари.


Last modified on Среда, 22 Јануари 2020 - 19:08

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Џо Бајден ја превзеде функцијата претседател на САД

Со свечена церемонија на која не присуствуваше претходникот Трамп, денеска

Повеќе

Од јануари пензиите повисоки за 185 денари

Усогласувањето на пензиите со трошоците за живот донесе покачување на пензиите

Повеќе

Водици со шест крштевки во гевгелиските храмови

Вековниот празник Богојавление Водици денеска освен со водосвет во црковните

Повеќе

Угостителите со работно време до 21 часот

Владата на Република Северна Македонија на денешната 40-та седница, по

Повеќе

Водосвет годинава во црковните храмови

Пандемијата годинава ја измени и традицијата - Осветувањето на водите за време

Повеќе

АВРМ: Кредитирање на невработените до 10.000 евра за започнување сопствен бизнис

Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија објави оглас за

Повеќе

Минусна ноќ во Гевгелија и југот

Вечерва настапуваат првите минусни температури годинава - поларниот студен бран

Повеќе

За 50% поевтинува регистрацијата на возила со странски таблички

Легална регистрација во Македонија со 50 од сто намалени трошоци е новата

Повеќе

Кривична пријава за фалсификаторка на пари

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР – Скопје поднесе

Повеќе

Видео: Стопирани Василичарите во Вевчани

Василичарскиот кaрневал во Вевчани кој поради короната претставува закана по

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.