Од коронавирусот во Кина починале 56 лица, епидемијата се забрзува

Недела, 26 Јануари 2020

Здравствените власти на Кина денеска соопштија дека кај 1975 лица е потврдена инциденцата на пневмонија предизвикана од новиот коронавирус (2019-нКоВ) во таа земја, со 324 лица во критична состојба.

Досега 56 лица починале од вирусот. Здравствените власти исто така објавија дека уште 2.684 лица се сомнителни за зараза.

Во меѓувреме, CCTV објави дека првите смртни случаи предизвикани од вирусот ги пријавиле властите во Шангај. И провинцијата Хенан објавила еден смртен случај поради вирусот.

Одделно, властите во провинцијата Хубеи, во која се наоѓа градот Вухан, епицентарот на инфекција со коронавирусот, објавија нови 13 смртни случаи предизвикани од вирусот и нови 323 потврдени случаи на инфекција.

Карантин е воведен во најмалку 13 кинески градови со вкупно население од над 57 милиони луѓе. Јавниот превоз е во прекин, а аеродромите и железничките станици се затворени.

Коронавирусот обично напаѓа животни, но во некои случаи може да се пренесе и на луѓето, како што беше епидемијата САРС 2003. Вирусот предизвика аларм, но остануваат многу непознати, како што е колку е опасен и колку лесно се шири на луѓето. Вирусот може да предизвика пневмонија, која во некои случаи е смртоносна.

Кинескиот претседател Си Џинпинг предупреди дека Кина е во тешка состојба бидејќи епидемијата на вирусна пневмонија се забрзува.


Last modified on Недела, 26 Јануари 2020 - 10:54

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

За 50% поевтинува регистрацијата на возила со странски таблички

Легална регистрација во Македонија со 50 од сто намалени трошоци е новата

Повеќе

Кривична пријава за фалсификаторка на пари

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР – Скопје поднесе

Повеќе

Видео: Стопирани Василичарите во Вевчани

Василичарскиот кaрневал во Вевчани кој поради короната претставува закана по

Повеќе

Нема сурварски огнови

Вака одлучи Општинскиот кризен штаб.
По оптимистичките информации дека мерките

Повеќе

Запрен шверц на лекови на ГП Богородица

Меѓународниот промет на стоки и во време на светска корона пандемија не запре.

Повеќе

За 10 дена санционирани 6.489 возачи

Засилените акциски контроли на сообраќајната полиција низ патиштата во земјава

Повеќе

Најмногу дожд наврна во Гевгелија

Изминатото деноноќие во Гевгелија наврнаа 45 литри воден талог на еден метар

Повеќе

Почина академик Георги Старделов, (1930-2021) роден гевгеличанец

Роден гевгеличанец и поранешен претседател на МАНУ д-р Георги Старделов почина

Повеќе

Министерот Спасовски во посета на ПС Гевгелија

Пo двоиполмесечен тек на градежните работи на објектот на Полициска станица

Повеќе

Приведени танчарки и сопственик во објект во Tетово

Вечерва, недела (10.01.2021 год.) полициски службеници од Одделот за сузбивање

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.