Од темел за само 10 дена изградена е новата болница во градот Вухан во Кина од каде почна да се шири заразата на новиот корона вирус.
Како што пренесува Би-би-си, болницата чија изградба започна на 24 јануари, утрово ги примила првите пациенти.
Новата болница се протега на околу 25.000 квадратни метри и има 1.000 кревети, пишува кинескиот дневен весник „Пиполс дејли“.
Вчера било одржано свеченото отворање на првата од двете болнички згради и била предадена на управување од медицинските тимови на кинеската војска. Здравствените власти веќе испратија медицински работници и опрема во новоизградената болница, кој ќе треба да се справат со тешки случаи на ова заболување и да придонесат за негово неутрализирање.
Според најновите податоци, досега починале 362 лица од коронавирус, а заразени се над 17.000.
Кина гради и втора болница во Вухан која ќе има капацитет од 1.600 кревети, а ќе се нарекува Леи-шен-шан и би требало да биде готова на 5-ти февруари.
„Кога станува збор за вакви проекти, Кинезите се апсолутни рекордери“ - рекол за Би-би-си Јанжонг Хуанг, експерт за здравство. „Во држава како Кина општата мобилизација не е проблем. Во многу краток период во Вухан се донесени најдобри инженери. Плус, за Кинезите финансиите и бирократијата не се проблем“.
Ѕирнете како изгледа внатрешноста на болницата во галеријата подолу.
Галерија
https://gevgelijanet.com/index.php/vesti/2014-01-14-19-26-26/%D1%81%D0%B2%D0%B5%D1%82/4733-vo-kina-izgradena-nova-bolnica-za-samo-10-dena.html#sigProGalleriaf1dd724a13
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
За 50% поевтинува регистрацијата на возила со странски таблички
Легална регистрација во Македонија со 50 од сто намалени трошоци е новата
Кривична пријава за фалсификаторка на пари
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР – Скопје поднесе
Видео: Стопирани Василичарите во Вевчани
Василичарскиот кaрневал во Вевчани кој поради короната претставува закана по
Нема сурварски огнови
Вака одлучи Општинскиот кризен штаб.
По оптимистичките информации дека мерките
Запрен шверц на лекови на ГП Богородица
Меѓународниот промет на стоки и во време на светска корона пандемија не запре.
За 10 дена санционирани 6.489 возачи
Засилените акциски контроли на сообраќајната полиција низ патиштата во земјава
Најмногу дожд наврна во Гевгелија
Изминатото деноноќие во Гевгелија наврнаа 45 литри воден талог на еден метар
Почина академик Георги Старделов, (1930-2021) роден гевгеличанец
Роден гевгеличанец и поранешен претседател на МАНУ д-р Георги Старделов почина
Министерот Спасовски во посета на ПС Гевгелија
Пo двоиполмесечен тек на градежните работи на објектот на Полициска станица
Приведени танчарки и сопственик во објект во Tетово
Вечерва, недела (10.01.2021 год.) полициски службеници од Одделот за сузбивање