Топ Новости

Коронавирусот го надмина бројот на починати од САРС

Недела, 09 Февруари 2020

Над 800 луѓе починаа од коронавирусот во Кина покажуваат последните податоци, со што го достигна бројот на починати од САРС во 2002/03 година која досега беше една од најголемите епидемии. Епидемијата на САРС во 2002/2003, која исто така почна во Кина, уби 774 луѓе низ целиот свет.

Кинеската национална здравствена комисија соопшти дека во централната провинција Хубеи вчера починале вкупно 89 луѓе од последиците на коронавирусот, со што вкупниот број на починати од болеста се искачи на 811. Бројот на луѓето за кои е потврдено дека се заразени во Кина е 37.198, додека вкупната бројка на заразени низ светот е околу 37.500 луѓе. На глобално ниво од САРС беа заразени околу 8 илјади луѓе, а од таа болест починаа 800 луѓе, јавува „Слободна Европа“.

Коронавирусот припаѓа на истото семејство на вируси. Сепак, бројот на нови инфекции во провинцијата Хубеи каде што главен град е Вухан, кој се смета за епицентар на вирусот, за прв пат од почетокот на епидемијата денеска забележа пад на бројот на нови случаи. Комисијата соопшти дека од новите 2.656 случаи во целата земја што беа идентификувани вчера, во областа Хубеи се регистрирани 2.147 од нив. 

 

 

Last modified on Недела, 09 Февруари 2020 - 11:32

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Трговски оператори во Гевгелија вршат достава до нарачатели за време на

За време додека трае забраната за движење на граѓани и возила (т.н.

Повеќе

Корона низ бројки кај нас и во светот до 13 часот

Истекува 41 ден од првиот дијагностициран случај со корона во Македонија, а во

Повеќе

Во Гевгелија наврнати 90 литри дожд на 1 м2 за пет дена, водостојот на Вардар

Почетокот на месец април започна со дожд и во изминатите пет денови од 01 до 05

Повеќе

Македонија влегува во втора фаза во битката со корона вирусот

Нови 72 заразени од корона вирусот, тројца оздравени и двајца починати е

Повеќе

Општина Гевгелија со мерки за олеснување на општинските даноци и такси кон

Поради епидемијата со корона вирусот во државата Владата донесе два пакета

Повеќе

Царинските работници активни во одржувањето на домашната економија и за време

Додека трае епидемијата со корона вирусот и вонредната состојба во државата

Повеќе

Тешко повреден возач во сообраќајка кај Прдејци

Новоасфалтираниот регионален пат Прдејци-Смоквица кој е оптеретен со промет од

Повеќе

Втората акција - пакети со лична хигиена за социјалните категории граѓани во

Мобилни тимови на Општина Гевгелија и денеска ја продолжуваат акцијата за помош

Повеќе

Македонија доби пристап до Европскиот Солидарен Фонд

Заедничката борба со корона вирусот се повеќе не' приближува и обединува со

Повеќе

Во прекин железничкиот сообраќај - Товарен воз излета од пругата кај Миравци

Поради одрон на камења врз самата железничката пруга која ја блокирала во

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.