Топ Новости
Дивеење во Гевгелија - Вторник, 24 Март 2020 09:49

Ципрас за мигрантската криза: Се наоѓаме пред геополитичка закана од Турција

Среда, 04 Март 2020

- „Не постои сомнеж, од моментот кога постои овој масовен обид за мигрантски прилив во земјата, секоја влада ќе го стореше тоа што го направи денешната“, вели лидерот на СИРИЗА и поранешен премиер на Грција, Алексис Ципрас за затворањето на грчко –турската граница, јави дописничката на МИА од Атина.

Во интервју за централното издание на вестите на телевизијата „Мега“, Ципрас го поддржа затворањето на границата, изјавувајќи дека земјата се наоѓа пред геополитичка закана и побара од Мицотакис да свика лидерска средба.

-Се наоѓаме пред геополитичка закана, не пред драмата на бегалците, кои не треба ги третираме како непријатели и натрапници, туку пред геополитичка закана од страна на Турција. А кога имаме закана од геополитички карактер, ние политичките сили мора да имаме минимална рамка за разбирање. Ако не и едногласност, рече Ципрас.

Поранешниот грчки премиер рече дека земјата треба од Европската унија да побара суштинска поддршка, да се закани со вето во ЕУ на сите одлуки на Европскиот совет, но и со санкции за Турција.

Паралелно рече дека Турција, еднострано го поништува договорот со ЕУ

На прашањето, што ќе му кажеше на Мицотакис доколку го имаше пред себе, Ципрас рече дека владата, во националните прашања, „има обврска да ги зема предвид и позициите на опозициските партии за да создаде национална стратегија“.

- „Ќе му побарав да го свика Советот на политички лидери и ќе му побарав да води политика на барања од Европската унија. Бидејќи интернационализирање на проблемот не е „ги информирам партнерите“, ниту да ги однесам онаму каде што е поволно поле за нив, бидејќи за нив, поволно поле е да одат во Еврос. Треба да имам барања од партнерите. Барам промена на позицијата кон Турција, барам пред сè санкции“, рече Ципрас.

Тој објасни дека СИРИЗА поддржува план за намалување на бројот на бегалци и мигранти на островите и нивно префрлање во други делови на Грција.


Last modified on Среда, 04 Март 2020 - 13:43

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Дезинфекциони бариери на влезот од Гевгелија

Денеска на влезот од Гевгелија на раскрсницата пред надвозникот се поставуваат

Повеќе

Платите на функционерите намалени на 14.500 денари, одлучи Владата

Априлската и мајската плата на сите државни и именувани функционери ќе изнесува

Повеќе

Осум години затвор за Владимир Талески за ученичкиот превоз во Битола

Кривичниот суд денеска ја објави пресудата и за случајот „Транспортер“.

Повеќе

Засилени мерки против корона вирусот наложи ОКШ Гевгелија

Дезинфекција на јавните површини, улици, тротоари, влезови на станбените

Повеќе

Во земјава 12 пациенти излечени од Covid-19

Денешниот биланс на корона вирусот во државата е 285 заболени, 12 излечени од

Повеќе

Случајот со корона во Гевгелија ги засили дезинфекционите мерки во Општината

Ново миење на улиците во градот со дезинфекциони средства и дополнително

Повеќе

Две нови жртви од корона вирус во државата

На Клиниката за инфективни болести во Скопје синоќа починале двајца пациенти

Повеќе

Трет ден опаѓа бројот на ново заболени од корона во државата

Со 18 ново заболени од вчерашните 24, и завчерашните 29, веќе трет ден опаѓа

Повеќе

Столтенберг и' посака Добредојде на МК во НАТО

- „Добредојдовте во #NATO, #NorthMacedonia! Тоа е долг пат, но сите ваши напори

Повеќе

ДОНЕСЕНА УРЕДБА: Одлагање на кредитите и пониски каматни стапки

Одлагање на ратите за отплата кредитите, или намалување на каматната стапка се

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.