Борисов до газдите: Продадете ги луксузните автомобили, а не да бркате работници!

Вторник, 14 Април 2020

Бугарскиот премиер Бојко Борисов, во екот на корона кризата со заштитна маска на лицето пред јавноста го „испорача“ возниот парк составен од луксузни автомобили што го поседуваат бугарските газди на компании. Марките се светски, а бројот на луксузни автомобили преку 10.205 парчиња. Претходно тој на средбата со сопствениците на големи компании објави список на работодавачи, кои побарале зголемување на државната помош за справување со кризата, а токму тие се сопственици на луксузниот возен парк на бугарските олигарси.
Борисов посочи дека како и останатите држави така и Бугарија е силно погодена од пандемијата на коронавирусот а според неговите информации до сега околу 70 илјади луѓе веќе ги загубиле работните места.
Имено уште минатиот месец Борисов им посочи на сопствениците на големи компании да ги продадат своите луксузни автомобили и јахти, наместо да бркаат работници и да бараат државна помош.

Борисов смета дека доколку големите газди се уште го живеат својот луксузен живот, и возат луксузни автомобили, тогаш оваа криза нема да претставува проблем за нив, а воедно прочита листа на луксузни автомобили кои се возат во државата и ја шокираше нацијата.

„Денес во сиромашната Бугарија има три Бугати автомобили како што вози Роналдо“, изјави Борисов и додаде: „Има 241 Бентли, 123 Ферари, 54 Мајбах, 22 Мекларен, 87 Ламборџини, 311 Масерати, 84 Ролс Ројс, Хамари 280, Јагуари близу 4.000 Јагуари и речиси 5.000 Порше автомобили“.

Борисов вели дека доколку бизнисмените сакале да ги задоволат своите вработени, а не да ги бркаат од работа, можеле да намалат од 80-те Ролс Ројс луксузни автомобили кои се возат во Бугарија.

Last modified on Вторник, 14 Април 2020 - 03:40

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Јавното обвинителство отвори предмет против митрополитот Агатангел

Основното јавно обвинителство Велес отвори предмет по допрен глас по објавите

Повеќе

Трета акција за уништување на комарците во Гевгелија и ЈИ регион

По извршени две последователни лаврицидни прскања против комарци на места

Повеќе

Започна ревитализацијата на патот Богородица-Стојаково

Градежната оператива на „ЖИКОЛ“ ДООЕЛ Струмица од денеска е на терен со

Повеќе

Владата донесе забрана за одење на гробишта викендов на цела територија

Во петок е задушница, а во недела Духов ден. Во пресрет на овие народни

Повеќе

МВР против МВР на „Боемска“ – СВР и ЕБР ги чекаат снимките од камерите

Пазарната полиција не можеше да влезе во угостителскиот објект на улица

Повеќе

Во изолација 60 полицајци на служба во Гевгелија

Околу шеесетина полицајци кои ја чуваат јужната граница на Македонија поради

Повеќе

Шести ден протести во САД кои зафатија 25 држави

Смртта на George Floyd од рацете на полицијата во Минеаполис предизвика широки

Повеќе

Лишени од слобода седум гевгеличани и еден валандовчанец

МВР известува дека денеска се поднесени кривични пријави за седуммина

Повеќе

Пендаровски одлучи – Нова вонредна состојба до 14 јуни

Претседателот Пендаровски по денешниот состанок на Советот за безбедност во

Повеќе

Приведен 22 годишен богданчанец за кријумчарење мигранти

Превезувал нелегално 13 мигранти од Бангладеш со комби, но поради неприлагодена

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.