Борисов: Бугарија ја заврши својата дипломатска работа со потпишувањето на договорот за добрососедство со Македонија за патот кон ЕУ

Четврток, 07 Мај 2020

Бугарскиот премиер Бојко Борисов, на прес конференцијата по самитот ЕУ-Западен Балкан порача дека цврсто ја подржуваат Северна Македонија на патот кон ЕУ, но сепак цврсто стојат на ставот дека нема отстапки од договорот за добрососедство.

Неговата, како што вели, најпријателска порака е Македонија да остане на патот.

Бугарскиот премиер изрази задоволство од тоа што Договорот за добрососедство со Северна Македонија е наведен во Декларацијата од Самитот ЕУ – Западен Балкан и порача: „Ако некој отстапи од тој документ, при секое поглавје Бугарија може да го блокира. Ние кажавме кои се нашите услови за Северна Македонија да биде примена во Европската Унија. Тоа не е по желба, ако нешто не ти се допаѓа, никој не те кани. Немаме тема. Ако сакаат…“, беше дел од одговорот на бугарскиот премиер Бојко Борисов на новинарско прашање поставено до него на прес-конференцијата во Софија по завршувањето на Самитот ЕУ – Западен Балкан, кој денеска се одржа преку видео-конференција.

Прашањето што го доби Борисов гласеше: По последните изјави од Северна Македонија, дали Бугарија не треба да удри на маса и врз основа на што продолжуваме да ги поддржуваме кога велат – ако треба да се откажеме од јазикот подобро да не влегуваме во ЕУ?

На ова бугарскиот премиер одговори:

„Тоа е нивно право, ние не го коментираме. За време на наши предизборни кампањи какви ли не работи слушавме за Турција, но потоа добрососедството натежнуваше. Ние сме европска држава и работиме по европски терк, а тоа е да работиш според документи. И кога 27 држави ќе поддржат документ во кој спроведувањето на Договорот за добрососедство е наведено како услов, ние сме ја завршиле нашата дипломатска работа. Ако некој отстапи од тој документ, при секое поглавје Бугарија може да го блокира. Затоа, како што им реков, зависи од вас. Нашето пријателство и братство, кога требаше да им дадеме поддршка – го покажавме. Ние кажавме какви се нашите услови, за да бидат примени во Европската Унија. Тоа не е (по) желба, ако нешто не ти се допаѓа, никој не те кани. Немаме тема. Ако сакаат… Ние први ги поддржавме за НАТО… Што, да излеземе и да кажеме дека сме Македонци, тоа ли да го кажеме?! Тоа е основниот документ според кој Бугарија ќе работи за напред. Ги сакаме, ги поддржуваме, но мојот совет е да не си поставуваат невозможни услови“, одговори Борисов.

Претходно, во воведниот дел од прес-конференцијата, Борисов порача дека разбира оти во предизборен период национализмот испливува на површина, но замоли тоа да не се прави за сметка на Бугарија. Тој рече дека колку што силно ја поддржува нашата земја, толку силно стои и на тоа дека треба да се држиме до историјата и Договорот за добрососедство.

Најмногу го повредило тоа што Бугарија била ословувана како „фашистичка држава“ која не ги спасувала Македонците, туку само бугарските Евреи.


Last modified on Четврток, 07 Мај 2020 - 15:34

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Јавното обвинителство отвори предмет против митрополитот Агатангел

Основното јавно обвинителство Велес отвори предмет по допрен глас по објавите

Повеќе

Трета акција за уништување на комарците во Гевгелија и ЈИ регион

По извршени две последователни лаврицидни прскања против комарци на места

Повеќе

Започна ревитализацијата на патот Богородица-Стојаково

Градежната оператива на „ЖИКОЛ“ ДООЕЛ Струмица од денеска е на терен со

Повеќе

Владата донесе забрана за одење на гробишта викендов на цела територија

Во петок е задушница, а во недела Духов ден. Во пресрет на овие народни

Повеќе

МВР против МВР на „Боемска“ – СВР и ЕБР ги чекаат снимките од камерите

Пазарната полиција не можеше да влезе во угостителскиот објект на улица

Повеќе

Во изолација 60 полицајци на служба во Гевгелија

Околу шеесетина полицајци кои ја чуваат јужната граница на Македонија поради

Повеќе

Шести ден протести во САД кои зафатија 25 држави

Смртта на George Floyd од рацете на полицијата во Минеаполис предизвика широки

Повеќе

Лишени од слобода седум гевгеличани и еден валандовчанец

МВР известува дека денеска се поднесени кривични пријави за седуммина

Повеќе

Пендаровски одлучи – Нова вонредна состојба до 14 јуни

Претседателот Пендаровски по денешниот состанок на Советот за безбедност во

Повеќе

Приведен 22 годишен богданчанец за кријумчарење мигранти

Превезувал нелегално 13 мигранти од Бангладеш со комби, но поради неприлагодена

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.