Топ Новости

Тролски фарми од Македонија и Филипините ја туркаа дезинформацијата за коронавирусот на Фејсбук

Сабота, 30 Мај 2020

Еден од најголемите издавачи на дезинформации за коронавирус на Фејсбук е забранет од платформата за користење фарми за содржини од Северна Македонија и Филипините, соопштија во петокот од „Фејсбук“.

Издавачот „Natural News“ беше еден од најплодните туркачи на вирусното видео за заговор „Plandemic“, кое лажно тврдеше дека коронавирусот е дел од сложен владин заговор за контрола на населението преку вакцини и погрешно тврдеше дека со носењето маска се зголемува ризикот од фаќање на коронавирус.

Фејсбук соопшти дека пронашла странски тролови кои постојано објавувале содржини од „Natural News“, и од Веб-страница за борба против вакцинирање, која често објавува лажни теории на заговор за коронавирусот, за кулите со 5G антени, за Бил Гејтс. Тие, исто така, објавија содржини од сестринските веб-страници на „Natural News“, а тоа се „NewsTarget“ и „Brighteon“, во обид вештачки да го зголемат својот досег на објавите.

„Ги отстранивме овие страници за спам и лошо однесување, а не за содржините што ги објавија. Тие ги доведоа во заблуда луѓето за популарноста на своите објавувања и се потпираа на фарми со содржини во Северна Македонија и Филипините “, се вели во соопштението на Фејсбук,а објавува „NBC News“.

Од Фејсбук соопштија дека акциите се дел од нејзиното рутинско засилување против мрежите за спамирање на вести. Меѓу другите нерегуларни однесувања, „Natural News“ ги објавувале своите содржини на невообичаено висока фреквенција, обидувајќи се да ги избегнат ограничувањата, со што ефикасно ги привлекоа спам алармите на Фејсбук, соопшти компанијата.

Официјалната страница на „Natural News“ беше забранета од Фејсбук минатата година, но страницата ја избегна забраната објавувајќи содржини во групите за дезинформации брендирани во „Вести“, под наслов „Amazing Cures” (Неверојатни лекувања) и “GMO Dangers,” (ГМО опасности), во кои имаше стотици илјади следбеници.

По откривањето на манипулациите со странска платформа на Фејсбук, компанијата им забрани на сите корисници да објавуваат линкови до „Natural News“ и нејзините сестрински страници, во целост, на 19 мај.

„Natural News“ е веб-страница во сопственост и управувана од Mike Adams (Мајк Адамс), кој нуди диетски додатоци во исхраната, кои ги проследува до купувачите преку страната „The Health Ranger“. Операцијата на Адамс е далеку најлошото ширење на здравствени дезинформации преку Интернет, се вели во анализата на „NBC News“.

Минатата година, веб-страницата беше домаќин на најангажираните статии за карцином на Интернет. Написот во април, „Индустријата за рак не бара лек; тие се премногу зафатени со правење пари “, што ја промовираше неоснованата теорија на заговор дека „Big Pharma“ крие познат лек за рак за да ги задржи луѓето болни, направи 5,4 милиони реакции од граѓаните преку, коментари, лајкови, споделувања на информацијата, претежно на Фејсбук, според податоците собрани преку „BuzzSumo“, компанија за аналитички социјални медиуми.

Во текот на своето 25-годишно работење, „Natural News“ беше домаќин на илјадници статии кои одбиваат научен консензус, промовираат лажни лекувања и шират теории на заговор. Неговите статии исто така ги таргетираа научниците и лекарите кон вознемирување и насилство. Во април, на страницата имаше 3,5 милиони уникатни гледачи, според компанијата за аналитика на Интернет, „SimilarWeb“.

И, сега каде во целата работа со лажни весто за корона вирусот се најде и Северна Македонија? Проработе ли Велешката мрежа на лажни вести, или во прашање се „неки нови клинци“? Велешани тогаш заработија пари. Кој заработува на заведувањето на граѓаните дека короната е измислена и не постои, а луѓе умираат секој ден и кај нас, и во светот од опасниот корона вирус.

 

Last modified on Сабота, 30 Мај 2020 - 05:24

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Уапсена гевгеличанката Накова - позитивна на Ковид-19

Вчера попладне е уапсена Александра Накова Гајдаџиев од страна на припадници на

Повеќе

Благодарница од Владата на семејсвото Диневи - првиот донор на срце

Денеска во Владата доделени се благодарници за историскиот подвиг на сите оние

Повеќе

Заев: Македонскиот јазик станува дел од големото европско семејство

- „Македонскиот јазик е наведен како јазик на кој треба да се преведе

Повеќе

Марија Костадинова: Чест ми е да бидам кандидат за пратеник од победничката

Кандидатката за пратеник од СДСМ и коалицијата „Можеме“, Марија Костадинова од

Повеќе

Првенците на генерацијата 2019/20 наградени од Општина Гевгелија

Шесмина првенци на генерациите 2019/2020 од Општинските основни училишта,

Повеќе

Царината за две недели успеа да спречи 7 нелегални трансфери - заплени девизи,

Во текот на минатите две недели, царинските службеници открија три обиди за

Повеќе

Заев до ДПМНЕ: Ако се договорат кој е лидер во партијата ќе прифатам ТВ дуел

На граѓанската трибина одржана синиќа во Гевгелија, лидерот на СДСМ, предводник

Повеќе

Заев од Гевгелија: Ова не е гола борба за власт туку носење храбри одлуки за

СДСМ и коалицијата „Можеме“ вечерва одржаа отворена трибина со граѓаните на

Повеќе

Марија Костадинова од СДСМ: Не за рудници во нашата земја

Марија Костадинова кандидат за пратеник на СДСМ во ИЕ4 денеска со експресен

Повеќе

Марија Костадинова - капитални проекти за инфраструктурно поврзани граѓани

Кандидатот за пратеник на СДСМ и коалицијата „Можеме“ од општина Гевгелија за

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.