Топ Новости
Воз удрил во автомобил кај с.Давидово - Понеделник, 27 Јули 2020 17:55

Срушени и обезглавени статуи на Кристофер Колумбо во САД

Четврток, 11 Јуни 2020

Падна статуата на морепловецот Христофер Колумбо пред парламентот во Минесота, а денеска е обезглавена неговата статуа во Бостон, друга беше оштетена во Мајами, а трета соборена во Сент Пол, по смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој беше убиен од бел полицаец.

Италијанскиот истражувач со години е предмет на контроверзии во САД. Морнарот од Џенова, кој замина во историјата како човекот што ја откри Америка, честопати се смета за еден од симболите на геноцид против домородните Американци и домородците воопшто.

Бруталноста врз скулптурите и спомен обележјата на морепловецот кој го откри за светот Американскиот континент отиде до таму што беше запалена, влечена и фрлена во река со восклици на протестантите „Дали ти е сега убаво!“

Десетици американски градови ги заменија прославите на Денот на Колумбо во октомври – кој стана празник во 1937 година – со ден на сеќавање за домородните народи. Но, ниту Бостон ниту Њујорк, кој има силна италијанска заедница на која овој ден е посветен, не го сторил тоа.

Во Бостон е отворена истрага за обезглавување на споменикот, но досега никој не е уапсен, изјави портпаролот на локалната полиција.

Градоначалникот на Бостон рече дека статуата ќе биде отстранета и се чека конечна одлука за нејзината судбина.

„Како и црнците во оваа земја, домородците беа малтретирани. Ова движење е моќно, а обезглавувањето на споменикот е многу симболично“, рече жена стоејќи пред оштетениот споменик во Бостон.

Во Мајами, Флорида, статуата сместена во паркот била оштетена со црвена боја, а било напишано: „Животите на црнците се важни“.

Друга статуа на тој истражувач беше срушена во вторникот вечерта во Ричмонд, Вирџинија, и со помош на јаже беше влечена до езерото и фрлена во него.

Движењето, кое ги напаѓа симболите на американско робовладетелско и расистичко минато, ги погоди и другите земји, особено Велика Британија и Белгија, каде што во последните денови биле уништени статуи што претставуваат фигури од колонијалната ера.

„Ројтерс“ јави дека денеска е срушена статуа на Колумбо во Свети Пол, Минесота.


Last modified on Четврток, 11 Јуни 2020 - 15:10

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Честит 2 август – Денот на републиката

Денешниот втор августовски ден 2020 Македонија го слави Денот на Републиката,

Повеќе

Една фирма во Гевгелија, 2 од Богданци и 4 во Валандово, искористиле владина

За април 2020 година една фирма од Гевгелија и две фирми од Богданци

Повеќе

Една година од огнената стихија во Гевгелија која пеплоса шест стана

На 30 јули во 11:20 часот на улицата „Ристо Чавдаров“ бр. 25 во Гевгелија лани

Повеќе

Пожарот кај Моин локализиран - изгоре 10 хектари деградирана шума

После седумчасовна интервенција на пожарникарите од ТППЕ Гевгелија помогнати со

Повеќе

Јули завршува со две температурни 40-ки за Гевгелија

Иако деновиве просечната темпреатура во јули се движеше од 35 со неколку 38-ци

Повеќе

Пожар кај Моин во месноста „Срнак“ се' уште активен

Три возила на Територијалната противпожрна единица од Гевгелија со 6 лица

Повеќе

Воз удрил во автомобил кај с.Давидово

Денеска (27.07.2020 г.) пред мугрите во 04:45 часот, се случила сообраќајна

Повеќе

Во Струмица попави, во Валандово штети, во Гевгелија краткотраен пороен дожд

Вчерашното облачно време во Гевгелија донесе краткотраен пороен дожд, но во

Повеќе

Редари од Општина Дојран со акција за промовирање на ковид мерките за заштита


Ваучер туризмот заживеа деновове во Дојан, а за време на викендите бројот на

Повеќе

Поплави во Загреб, починал еден член од спасувачките екипи, поплави и во Тузла

Со врнежи од дожд кои донесоа воден талог од 70 литри наврнат дожд на 1 метар

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.