Топ Новости
Воз удрил во автомобил кај с.Давидово - Понеделник, 27 Јули 2020 17:55

Грците на граница ќе тестираат и ќе водат во карантин, плажата се понеизвесна

Понеделник, 15 Јуни 2020

Македонската Влада донесе уредба со која им дозволуваа на странските државјани да транзитираат по автопат максимум пет часа, но Република Грција со отварање на своите граници, во протоколот за влез најавува дека сите патници кои влегуваат во Грција, а кои ќе изгледаат сомнителни, ќе бидат задржани и ќе бидат одведени на тестирање. 

Грција ќе ги отвори своите граници за туристите од Србија денес, 15 јуни, во 23 часот по локално време, но сите патници кои влегуваат во Грција, а кои ќе изгледаат сомнителни, ќе бидат задржани и однесени на брз тест за коронавирусот.

Според она што го објавија грчките власти, сè додека не бидат готови резултатите од тестот, туристите ќе бидат ставени во карантин. Во најдобар случај, резултатот ќе се чека еден ден.
Во случај тестот да покаже дека туристот има корона, нема повеќе летен одмор за него. Тој ќе помине 14 дена во специјален хотелски карантин, кој ќе го чува полицијата!

Дека ситуацијата воопшто не е наивна, потврдува фактот дека Грците подготвиле цели хотели во кои ќе бидат сместени туристи заразени со корона, како и бројни рестриктивни мерки кои ќе важат и за плажите и за сместувачките капацитети, па дури и казни од 150 евра за неносење маска во затворени простории.


Границата за српските државјани ја отвори Северна Македонија од полноќ, но само за транзит кој трае максимум пет часа. Само преминот Прешево-Табановце е отворен за туристи од Србија, а преминот Богородица - Евзони е на границата со Грција. До целосната либерализација на режимот за влез и излез во нашата држава, странските државјани можат да ги користат следните гранични премини: Табановце, Деве Баир, Богородица, Ќафасан, Блаце и аеродром Скопје.

За време на транзитот, туристите не смеат да го напуштат автопатот. Тие на тоа ќе мораат да се обврзат во писмена изјава, која ќе треба да ја пополнат на влезот во Северна Македонија, а потоа ќе ја предадат на граничната полиција кога ќе ја напуштат земјата. На тој начин, органите на редот ќе имаат увид во тоа колку точно време сте поминале во нивната држава.

Ако имаме предвид дека на возачите, почитувајќи ги регулативите, им се потребни повеќе од три часа за да ја напуштат македонската територија, оваа мерка практично значи дека возачите нема да можат да направат подолги паузи и да се одморат. Доколку патниците ги нарушат дозволените пет часа транзит низ Македонија, полицијата веднаш ќе ги однесе во двонеделен карантин за кршење на прописите.


Last modified on Понеделник, 15 Јуни 2020 - 15:56

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Честит 2 август – Денот на републиката

Денешниот втор августовски ден 2020 Македонија го слави Денот на Републиката,

Повеќе

Една фирма во Гевгелија, 2 од Богданци и 4 во Валандово, искористиле владина

За април 2020 година една фирма од Гевгелија и две фирми од Богданци

Повеќе

Една година од огнената стихија во Гевгелија која пеплоса шест стана

На 30 јули во 11:20 часот на улицата „Ристо Чавдаров“ бр. 25 во Гевгелија лани

Повеќе

Пожарот кај Моин локализиран - изгоре 10 хектари деградирана шума

После седумчасовна интервенција на пожарникарите од ТППЕ Гевгелија помогнати со

Повеќе

Јули завршува со две температурни 40-ки за Гевгелија

Иако деновиве просечната темпреатура во јули се движеше од 35 со неколку 38-ци

Повеќе

Пожар кај Моин во месноста „Срнак“ се' уште активен

Три возила на Територијалната противпожрна единица од Гевгелија со 6 лица

Повеќе

Воз удрил во автомобил кај с.Давидово

Денеска (27.07.2020 г.) пред мугрите во 04:45 часот, се случила сообраќајна

Повеќе

Во Струмица попави, во Валандово штети, во Гевгелија краткотраен пороен дожд

Вчерашното облачно време во Гевгелија донесе краткотраен пороен дожд, но во

Повеќе

Редари од Општина Дојран со акција за промовирање на ковид мерките за заштита


Ваучер туризмот заживеа деновове во Дојан, а за време на викендите бројот на

Повеќе

Поплави во Загреб, починал еден член од спасувачките екипи, поплави и во Тузла

Со врнежи од дожд кои донесоа воден талог од 70 литри наврнат дожд на 1 метар

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.