Пратеник на СИРИЗА се обрати на Македонски јазик, на костурски дијалект во грчкиот Парламент.
„Време е, пријатели од Република Северна Македонија, како што се разбравме, време е да ставиме назад се' што досега не' разделуваше, и да одиме напред во името на пријателствотото, содружништвото и љубовта“.
Со овие зборови упатени на македонски јазик од говорницата на грчкиот Парламент, а потоа и на грчки јазик, се обрати денеска претеникот на Сириза Георгиос Ипсизидис.