Топ Новости

Етничките македонци во Грција се радуваат на Договорот

  • Недела, Јун 17 2018

 

Единствениот пратеник во грчкиот парламент кој се изјаснува како етнички Македонец, во интервју за Дојче Веле вели дека потпишувањето на договорот го поздравуваат сите Македонци во Грција.

Константинос Селцас беше меѓу најсреќните лица на денешната церемонија на потпишувањето на договорот. Тој е етнички Македонец од Лерин, кој е пратеник во грчкиот парламент од редовите на владејачката Сириза на премиерот Алексис Ципрас. За Дојче веле раскажува дека долги години го чекал овој момент.

„Вложивме големи напори за да дојде овој ден. Ова е голем ден за македонскиот и за грчкиот народ“, вели Селцас.

Нѐ изненади со течниот македонски кој го зборуваше, но и со отвореното тврдење дека е етнички Македонец.

„Да, јас сум Македонец и тоа не го кријам ниту во парламентот“, вели Селцас.

Пратеникот на Сириза е убеден дека договорот ќе помине и во Грција и во Македонија и смета дека тој е добар за обете страни.

„Ова е добар договор за Македонците и мислам дека направивме голема работа“. Тврди дека и Македонците во Грција го поздравуваат овој договор и се многу задоволни со него.

За оние што протестираат против договорот и на грчка и на македонска страна, вели дека не може да им помогне.

„Тие што имаат 'поинаков ум', за нив не можеме да направиме повеќе. Ние сме за утре, не за некни“, вели Костас Селцас за Дојче веле.

 

Фото: Потпишувањето на Договорот меѓу Македонија и Грција 

ФОТО: 27 годишниот спор за името меѓу Македонија и Грција затворен се потпишување на Договорот меѓу двете земји, на кој свој параф стави и специјалниот посредник на ОН, Метју Нимиц со што завршува 24 годишното медијаторсво на Обединетите Нации за затвараше на ова прашање

Media


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Заев: Европа е во Гевгелија, затоа треба да одговориме со ЗА на европските

Трибина „ЗА европска Македонија“ со коалицијата „Излези ЗА“ одржана вечерва во

Повеќе

„ЗА европска Македонија“ во Богданци

Премиерот Заев во Богданци: Вашингтон и целиот свет оддаваат признание на

Повеќе

Велосипедско дефиле

Гевгелија преплавена од велосипеди по повод 22 септември - Меѓународниот „Ден 

Повеќе

22 септември - Меѓународен ден без автомобили

Со велосипедско дефиле Гевгелија денеска ќе го одбележи 22 Септември -

Повеќе

Сабота 8 часови без струја Гевгелија и Богданци

Нов осумчасовен прекин во снабдувањето со електрична енергија поради неопходни

Повеќе

Средба на Премиерот Заев со Потпретседателот на САД, Мајк Пенс

Македонскиот Премиер Зран Заев денеска оствари средба со Потпретседателот на

Повеќе

Соопштение од Општинска изборна комисија Гевгелија

Промена на гласачките места во Гевгелија, Миравци, Негорци и Габрово

Повеќе

ЕВН најавува 8 часовен прекин на струја во Гевгелија

Утре петок 21 септември во терминот од 7:30 до 15:30 часот дистрибутерот на

Повеќе

Мицкоски: Ако референдумот биде успешен и мнозинството е „за“, ќе го почитуваме

Став на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ по однос на референдумското изјаснување на

Повеќе

Низ ГП „Богородица“ летово поминале 1,5 милион туристи

Половина милион македонски туристи претставуваат 1/3 од вкупниот летен патнички

Повеќе

 
 

 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.