Топ Новости >

Спасени сите дечиња од тајландската пештера

  • Вторник, Јул 10 2018

 

Денес успешно заврши тешката спасувачка мисија откако сите 12 момчиња и нивниот тренер беа извадени од поплавената пештера.

Спасувачката операција траеше три дена. Во претходните два дена тајладските „Фоки“ и професионалните нуркачи од неколку земји успејаа да извадат 8 дечиња. На денешната трета високоризична операција беа успешно извадени и преостанатите 4 дечиња и нивниот 25 годишен тренер.

Заробените дечиња беа одалечени 4 километри од излезот на поплавената пештера и повеќето од нив не знаат да пливаат и нуркаат, но со специјални носилки поврзани со кислородни боци едно по едно беа вадени од пештерата.

Во пештерата засега остануваат лекарот кој се грижеше за нив од кога беа пронајдени и тројца припадници на елитните морнарски нуркачи „Фоки“.

Фудбалскиот тим кои го сочинуваат 12 дечиња на возраст од 11 до 16 години, заедно со својот тренер беа пронајдени на 10-тиот ден од нивното исчезнување.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

„AQUA M2“ - ЕУ проект меѓу Гевгелија и две солунски општини од Грција

Заеднички Европски еколошки проект „AQUA M2“ меѓу општините Гевгелија и општините Пеонија и во Халкидона од соседна Грција и Универзитетот Аристотел од Солун 

Повеќе

Хоризонтална сигнализација на улиците

Продолжува акцијата за урбано уредување на Гевгелија со асфалтирање на улици во градот и населените места, а од денеска и со механичко одбележување на хоризонталната сигнализација на улиците низ

Повеќе

Денес променливо облачно

Можен пороен дожд во западните и јужните делови од земјава

Повеќе

Заев: Про-руски бизнисмени плаќале за насилни протести

Премиерот Заев во интервју за „BuzzFeed News“ изјави дека про-руските бизнисмени се обидуваат да ја спречат земјата да се приклучи кон НАТО со финансирање на насилни протести

Повеќе

Неподготвеноста на фирма подизведувач ја остави Гевгелија без вода

Фирмата „АДРА“ од Куманово дошла без алат на терен, а потребната опрема ја обезбеди Пожарната од Гевгелија, па работите на терен наместо два часа, траеја 12 часа

Повеќе

Гевгелија остана без вода

Цистерни за мобилна достава на вода ќе бидат лоцирани на 5 локации низ градот

Повеќе

Потсетување: Прекин на водоснабдувањето во цела Гевгелија

Во недела наутро од 3 до 8:30 часот ќе има прекин во снабдувањето со вода во Гевгелија, Мрзенци, Негорски бањи и индустриската зона Блокотехна. Наполнете вечерва некое шише вода за резерва

Повеќе

Обезбедени 3 милиони евра за регионални патишта во Гевгелија

Патните правци Прдејци-Смоквица, Миравци-Давидово, Гевгелија-Негорци ќе се санираат ова лето

Повеќе

Поцков: Намалување на цената за прочистување на отпадните води

Намалувањето треба да биде одобрено од Советот на општината и ќе важи од 1 август до крајот на 2018 година

Повеќе

Мицотакис: Скопје го доби НАТО пасошот

Лидерот на најголемата грчка опозициона партија се жали дека Ципрас и Каменос му го предадоа на Скопје НАТО-пасошот, откако го отстапија македонскиот идентитет и македонскиот јазик

Повеќе

 
 

 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.