Меѓународен Ден на жената - 100 години историска борба за рамноправност

Петок, 08 Март 2019

Денеска е 8-ми март, а секоја година на овој ден се одбележува Меѓународниот ден на жената – ден кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите

 

 

Денеска е 8-ми март, а секоја година на овој ден се одбележува Меѓународниот ден на жената – ден кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите.

Идејата за одбележување на посебен ден посветен на жените потекнува од почетокот на 20-от век, а на неа посебно инсистирало социјалистичкото движење.

Првиот Ден на жената е одбележан на 28-ми февруари 1909 година во САД по иницијатива на Социјалистичката партија на Америка. Следната година, во август, на втората социјалистичка интернационала во Копенхаген, била покрената иницијатива за воспоставување на Интернационален ден на жената, без да се прецизира датумот. На 18 март, 1911 година, празникот за првпат бил одбележан и тоа со протести од преку милион луѓе во Австрија, Германија, Данска и Швајцарија.

Во Русија, во 1913 година, Денот на жената се одбележал во последната недела од февруари, според Јулијанскиот календар кој во тоа време бил официјален во државата. Во 1917 година, во Санкт Петерсбург, биле организирани демонстрации по повод Меѓународниот ден на жената, во последната недела од февруари, која според сегашниот, Грегоријански календар е 8. Март. Овие демонстрации ја поттикнале Февруарската револуција.

Ленин го прогласил 8. Март за официјален празник во СССР, а денот станал неработен дури во 1965 година. Организацијата на Обединетите Нации ги повикала своите членки да го прогласат 8. Март за официјален празник и ден на мирот, дури во 1977 година.

На овој ден, исто така, им се оддава почит на Клара Цеткин (една од учесничките на Втората социјалистичка интернационала) и Роза Луксембург, марксистички филозоф и член на германската левица. Заедно, овие две храбри жени ги поставиле темелите на Меѓународното женско движење и последователните аспирации за економска, политичка и социјална еднаквост.

Организацијата на Обединетите Нации годината 1975 ја прогласиле за Меѓународна година на жените, и 8-ми март за Меѓународен ден на жените.

Две години подоцна Генералното собрание на ООН со прокламација ја прифатило резолуцијата за правата на жените и меѓународниот мир. Со прифаќањето на резолуцијата Генералното собрание доделило признание на улогата на жените во напорите за мир и развој во светот и се заложило за крај на дискриминацијата и зголемување на поддршката за целосно и рамноправно учество на жените во сите сфери на животот.

Иако во историјата одбележувањето на овој ден започнало како политички настан, денес тоа е празник испреплетен со културите навики на многу светски народи.

Во нашата земја, која сѐ повеќе се стреми кон изедначување на условите за двата пола, 8-ми Март со децении се прославува како ден кога им се дава посебно внимание на најважните жени во нашите животи, кога им се оддава почит и кога се потсетуваме дека светот не би бил убаво место без нив.

 

Last modified on Петок, 08 Март 2019 - 12:33

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Чествување на Светите Кирил и Методиј

Гевгелиската епархија и Црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Гевгелија денеска и

Повеќе

Одбележан Патрониот празник на ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Патрониот празник на Општинското основно училиште „Крсте Мисирков“ од Гевгелија

Повеќе

Заев ги разреши сите претседатели на Општински ограноци на СДСМ

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека донел одлука за разрешување на сите

Повеќе

СДСМ: Социјалната помош ќе порасне за 300 % од сегашните 3.900 денари

Собранието на РСМ денеска го изгласа новиот Закон за социјална заштита кој ќе

Повеќе

Работилница за кинези терапија на „Мобилност“ Гевгелија

Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“ од Гевгелија, вчера во

Повеќе

Видео: Заев во Србија на отворањето на Коридор 10

- „Се радуваме на успешните потфати на сите наши соседи“ рече Премиерот Зоран

Повеќе

Матурска парада во Гевгелија по 13-ти пат

Сто и педесет гевгелиски матуранти денеска во центарот на Гевгелија по 13-ти

Повеќе

ЦИВИЛ: Да се укинат неразумните и прескапи повластици и привилегии за

ЦИВИЛ – Центар за слобода бара од законодавната и извршната власт да стават

Повеќе

Наградени ученици од ООУ „Климент Охридски“ од Миравци

Први по македонски, втори по математика, пофалени за англиски јазик, тоа е

Повеќе

Заев ги најави критериумите за „Метлата“

Промени на раководните структури на министерско ниво, во државните институции,

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.