Тинејџерка активист номинирана за Нобелова награда за мир

  • Четврток, Мар 14 2019

 

 

Шеснаесет годишната Грета Тунберг, од Шведска, организатор на младинскиот штрајк за климатски промени, е номинирана за Нобелова награда за мир од страна на норвешка пратеничка.

Грета сама почна да протестира во Шведска во август минатата година, и оттогаш ги инспирира учениците од целиот свет. Се очекува утре да се штрајкува во 1.659 града во 105 земји, а стотици илјади млади луѓе ќе бидат дел од овие протести.

Националните политичари и некои универзитетски професори може да номинираат кандидати за Нобелова награда за мир. Номинирани се 301 кандидат за наградата за 2019 година од кои 223 за индивидуалци и 78 за организации.

- „Ја предложив Грета Тунберг затоа што ако не направиме ништо за да ги запреме климатските промени, тие ќе бидат причина за војни, конфликти и бегалци. Грета започна масовно движење што јас го гледам како голем придонес за мир“ - изјави норвешкиот социјалист и пратеник Фреди Андре Овстегард.

- „Почестена сум и благодарна за номинацијата. Утре ќе штрајкуваме за нашата иднина, а тоа ќе продолжиме да го правиме онолку долго колку што е потребно“ - изјави Грета. Таа лично ги предизвика лидерите на климатскиот самит на ОН кон крајот на 2018 година и во Давос во јануари.

 



- „Промените доаѓаат, без оглед дали ви се допаѓаат или не“ - рече таа.

Во 2014 година Нобеловата награда за мир ја доби 17-годишната Малала Јусуфзаи за борбата и за правото на сите деца да имаат пристап до образование. Во 2012 година таа преживеа обид за атентат од талибанците.

Додека некои политичари се спротивставија на училишните штрајкови, многумина ги поддржаа, како германската канцеларка Ангела Меркел и ирскиот политичар Лео Варадкар. И градоначалниците на Париз, Милано, Сиднеј, Остин, Филаделфија, Портланд, Осло, Барселона и Монтреал ја дадоа својата поддршка.

- „Навистина е инспиративно да се видат младите луѓе, предводени од брилијантни млади девојки, како го тераат светот да ги слушне нивните гласови, барајќи итна акција. Тие се во право дека нашите акции денес ќе ја одредат нивната иднина. Мојата порака до младите граѓани е јасна: наша е одговорноста како возрасни и како политички лидери да учиме од вас и да ви овозможиме иднина каква што вие сакате“ - изјави Ана Хидалго, градоначалничка на Париз.

 




За Нобелова награда за мир годинава се предложени и премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, за постигнатиот Договор од Преспа.

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Sky хотел и казино бара работници

Активен оглас за вработување на 14 работни позиции за правен субјект со седиште

Повеќе

Велин Стојменов - нов претседател на Здружението на пензионери за Гевгелија

На вчерашното изборно Собрание на општинското Здружение на пензионери за

Повеќе

Прес на ЛДП Гевгелија

ВИДЕО: Итна измена на законите за финансирање на општините! (Ручкоманов)

Повеќе

Пендаровски на Трибина со младите од Гевгелија: „Придобивки - НАТО и ЕУ“

„Мојот став е влез во ЕУ и НАТО е преку институциите во државата со

Повеќе

Денеска е пролетна рамноденица

Рамноденица — деноноќието кога должината на денот и ноќта се исти. Денеска

Повеќе

Тридневен прекин во електроснабдувањето во Богданци

ЕВН - КЕЦ Гевгелија најави прекин во електроснабдувањето за утре среда 20 март,

Повеќе

Интегриран план за локален развој на општина Богданци до 2022

Во тек е 10 дневна јавна расправа за локалниот развој на Богданци 

Повеќе

Кина одбила барање на грчка компанија да го користи терминот „македонски“

Образложение - потребна е дозвола од соседната земја за користење на терминот

Повеќе

Уапсен екс градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакомовски

За Јакимовски и двајца од Општина Карпош ОЈО ќе бара притвор, осомничени се

Повеќе

Директни летови на „Визер“ од Охрид за Малме и Милано

Од денеска стартуваа првите летови на нововоспоставените директни линии што ги

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.