Клоци против демонстрантите од Советникот на Ердоган

  • Сабота, Мај 17 2014

Уште пожестоки протести по клоците на советникот на Ердоган кој на ваков недоличен начин се пресметуваше со немоќен демонстрант кој лежи на земја, а двајца полицајци го држат за раце

По најтешката рударска несреќа во историјата на Турција, владата е под притисок. Илјадници луѓе бараат нејзина оставка. Советник на премиерот предизвика ново огорчување, а Ердоган морал да побегне во еден супермаркет.

Масовните протести против турската влада по големата рударска несреќа во Сома продолжија во Измир, каде турската полиција во четвртокот повторно интервенирала со солзавец и водени топови, откако околу 20 илјади лица излегле на улиците во знак на протест поради смртта на 282 рудари. Во судирите е повреден лидерот на синдикатот ДИСК, Кани Беко, и е пренесен во болница. Беко вчера рударската несреќа ја нарече „масакр“.

Клоци против демонстрантите

Владата се најде под огромен притисок поради рударската несреќа. Критичарите ја обвинуваат за недоволна грижа за безбедноста на луѓето при работа во рудникот за јаглен.

Советник на премиерот Ердоган, кој со клоци се пресметуваше со демонстрант кој лежи на земја, а го држат двајца полицајци, долеа масло на огнот. Фотографијата на советникот Јусуф Јеркел беше проширена по социјалните мрежи. Тој вчера го придужуваше Ердоган при посетата на Сома, кога демонстрантите го пречекаа со извици „уа“. Јеркел за БиБиСи потврдил дека е тој на фотографијата. Според тврдењето на Јеркел во турските медиуми, човекот бил милитантен левичар, кој ги нападнал него и премиерот и ги навредувал.

Ердоган морал да бега во супермаркет

Во Анкара и Истанбул вчера илјадници демонстранти бараа оставка од премиерот поради рударската несреќа. Во Сома Ердоган морал, со полициска заштита, да се засолни во еден супермаркет пред разгневените луѓе.

Турските синдикати повикаа на штрајк во целата земја

„Стотици наши колеги во Сома од почеток беа препуштени на смртта, со тоа што беа принудени да работат под брутални работни услови, за богатите да остварат највисок профит“, се вели во повик на синдикатот до членството.

Експлозијата во рудникот за јаглен Сома се смета за најтешката рударска несреќа во историјата на земјата. Спасувачките екипи денеска пронашле тела на уште осум жртви во несреќата, со што бројот на загинати рудари порасна на 282. Се претпоставува дека во јамата на рудникот се заробени уште околу 90 рудари.

Дојран на 38-от меѓународен саем за туризам во Белград

Општина Дојран и тамошните угостители годинава  од 21 до 24 февруари се

Повеќе

Два инциденти во Затворот Шутка

Притворените екс министри Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски денеска во

Повеќе

Груевски ја ставил партијата во функција на настаните од 27 април

ОЈО: Осомничениот Н.Г. како тогашен претседател на политичка партија преку

Повеќе

Манчевски: Да се повлечат блиските на функционерите и од власта и од опозицијата

Ургентно решение за надминување на проблемот со непотизам при вработувањата е

Повеќе

ОЈО ги сомничи Груевски и Вељановски за Крвавиот четврток

Вељаноски и Груевски - осомничени за терористичко загрозување на уставниот

Повеќе

„Антикоцкање“ бара дислокација на казината и обложувалниците

Владата ќе го разгледува барањето на граѓанското движење за дислокација на

Повеќе

Со 60,6 милиони денари Општина Гевгелија ќе ги раздолжува наследените долгови

Буџетска дотација од Владата на Македонија за раздолжување на наследените

Повеќе

Граѓанскиот сектор со буџетска поддршка за 2019

Шеснаесет граѓански организации ќе добијат буџетска дотација во вредност од

Повеќе

Продолжуваат изведбените работи на патот Гевгелија-Негорци

Механизацијата на изведувачот „Жикол“ е на терен за гребење на асфалтот од

Повеќе

Бензинот поскапува, дизелот не

Регулаторна одлучи - од ноќеска поскапува бензинот

Повеќе

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.