Топ Новости
Грешка
  • JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со id: 43

Поплавите го парализираа Балканот, а најпогодени се Србија и БиХ

Сабота, 17 Мај 2014

Србија и БиХ ги преживуваат најголемите поплави во последните 120 години

Србија и Босна прогласија вонредна состојба поради налетот на дождови, водостојот на реките и ерозијата на земјиштето под кои пропаѓаат за секунда цели куќи, училишта, мостови, јавни објекти.
Илјадници лица се евакуирани од воени хеликоптери, бидејќи метеоролозите укажуваат дека невремето со 40 часовен континуиран дожд и ваков налет на водена маса, не е забележан во последните 120 години на овие простори.

Невремето во источна и југоисточна Европа предизвика големи поплави и смрт на најмалку десет луѓе. Најтешко погодени се региони во Србија, Босна и Херцеговина, но и во Полска, Чешка и Словачка.

Во Србија спасувачките екипи денеска евакуираа и на безбедно сместија околу 7 илјади луѓе. Посебно критична е ситуацијата во Обреновац и Свилајнац, каде илјадници луѓе се искачени на покривите. Во околу 150 илјади домаќинства немаат електрична струја и вода. Бројни села во овие региони се отсечени од остатокот на светот и чекаат помош преку хеликоптери. Под вода се најде дури и главниот град Белград (на насловната фотографија).

Руски нуркачи и експерти за извлекување луѓе стигнаа во Србија за да помогнат во напорите за спасување на луѓето. И ЕУ и дел од нејзините членки, меѓу кои и Германија, понудија помош. Своја помош, во рамките на можностите, понуди и Македонија.

Во соседната Босна и Херцеговина состојбата исто така и натаму останува критична. Додека на планините падна околу половина метар нов снег, во градовите Маглај, Добој, Бјелина и Зворник има влошување на поплавите. Властите предупредија од уште поголеми проблеми, зашто најголемите реки во регионот, Сава и Дунав, својот највисок водостој ќе го достигнат дури следните денови. Во Србија загинаа пет, а во БиХ две лица.

Поради поплавите запрен е сообраќајот на сите приодни патишта кон Тузла, Добој, Маглај, Бијелине, Зворник, Брчко, Модрич, Босански Шамац и Вареш.

Во Бања Лука е критично поради водостојот на реката Врбас, кој постојано расте. Три моста во градот се срушени од полавите, а поради излевањето на реката се спроведува евакуација на населнието. Водостојот на реката Босна пак од утрово е во опаѓање.

Владата на Федерацијата БиХ на синоќешната седница беше запознаена со состојбата во поплавените подрачја во БиХ, за што инфомираше премиерот Нермин Никшиќ, кој претходно ги посети погодените подрачја. На предлог на Федералниот штаб за цивилна заштита беше донесена одлуката за прогласување на вонредна состојба поради природна катастрофа на подрачјето на Федерацијата БиХ.

Во Словачка невремето предизвика сообраќаен хаос и големи штети, а загина и еден старец.

И во Полска поплавите и ветрот предизвикаа штети, како и две човечки жртви.

Во источниот дел од Чешка обилните дождови се закануваат со поплава од повеќе реки, а метеоролозите очекуваат натамошни врнежи.

Шефицата на СЈО, Катица Јанева, поднесе оставка

Шефицата на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, поднесе оставка.

Повеќе

МНР: Нема настрадани македонски државјани во невремето на Халкидики

Согласно комуникацијата остварена со надлежните служби, Генералниот конзулат на

Повеќе

Бесплатен одмор во Струга за 700 деца од семејства во социјален ризик

Околу 700 деца и нивни придружници од семејства во социјален ризик од цела

Повеќе

Заев: Аларм за борба против лажни вести и манипулации

За лажното претставување на двајца руски комичари како поранешниот претседател

Повеќе

Мицотакис победи на парламентарните во Грција

Нова Демократија на Мицотакис победи на предвремените парламентарни избори во

Повеќе

Апликацијата „МојДДВ“ до сега ја симнале близу 58.000 граѓани

За четири дена од почетокот на примената на апликацијата „МојДДВ“, од 1 јули

Повеќе

Заев: Берлинскиот процес е водилка за европски развој на нашиот регион

Во Познањ, Полска, вчера и денеска се одржува Самит ЕУ-Западен Балкан, како дел

Повеќе

Градинката во Миравци со нова ограда

По две недели работа на терен заврши оградувањето на двориштето на Детската

Повеќе

Владата одлучи: „Еуромакс“ не доби дозвола за експлоатација на руди за Иловица

На денешната седница Владата го одби барањето за издавање дозвола за „Иловица“,

Повеќе

Претседателот Пендаровски во посета на јужната граница и Транзитниот Центар за

Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили,

Повеќе

Last modified on Сабота, 17 Мај 2014 - 12:06

.

.

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.