Грција ги зајакнува мерките на Евзони и Какавиа

Сабота, 27 Февруари 2021

Строгите рестрикации во Грција за спречување на ширењето на коронавирусот се преселија и на граничните премини со Македонија и Албанија. Имено, од 1 март, понеделник, следната недела Грција воведува 12 часовни дневни рестрикции на премин на возачи и возила кои ќе важат до 15 март.
На удар на новите мерки за спречување на ширењето на коронавирусот се граничните премини Евзони со Северна Македонија и Какавиа со Албанија, кои ќе работат од 7 до 19 часот, (наместо до 23 часот), а дневно ќе биде дозволено да поминат најмногу 400 лица, јави дописничката на МИА од Атина.
Ова особено ќе влијае на транспортниот влез и излез кон државата имајќи предвид дека непречениот промет на стоки и добра за време на пандемијата на ГП Богородица дневно брои и над илјада возила, а пред тоа и повеќе илјади дневно.

Мерките, вчера ги соопшти заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас, кој рече дека „за да избегне дополнително ширење на вирусот од копнените влезни точки, од понеделник 1 март во 6 часот наутро до понеделник 15 март во 6 часот наутро“, се воведуваат рестрикциите.

На граничните премини, на сите задолжително ќе им се прави рапид тест, вклучително и на возачите на камионите, при позитивен резултат нема да биде дозволен влез, а за сите, останува обврската за потврда за негативен ПЦР тест, но и задолжителен домашен карантин од 14, наместо седум дена како што беше досега.

Паралелно, Хардаљас, соопшти дека строгиот карантин во областа Атика, поширокиот регион на Атина се продолжува за една седмица, односно наместо до 28 февруари ќе трае до 8 март.
Од 11 февруари во грчката престолнина се воведени строги рестрикции и продолжен полициски час за викендите, што почнува од 18 часот, наместо од 21 часот како што е од понеделник до петок.

Границите на Грција за нас се затворени речиси една година. Дозволени се преминувања само за есенцијални причини, односно за членови на семејства на европски државјани, вработени во здравствениот сектор, лица кои се грижат за стари лица, сезонските работници во земјоделскиот сектор, вработените во транспортот, дипломати, меѓународен воен персонал, хуманитарни работници кои се на должност, транзит патници, патници кои патуваат од неопходни семејни причини, студенти.

 

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Сара, Андреј и Љупчо прваци по биологија во Општината, 2 и 3 место на државно

Седмо одделенецот Андреј Димов од ООУ „Крсте Мисирков“ од Гевгелија неделава на

Повеќе

Донесени мерките од 5-от пакет економски мерки за граѓаните и фирмите

Од присутни 114 со 113 гласа „ЗА“ Собранието го донесе Законите за финасиска

Повеќе

Две први и 1 второ место за учениците од ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Он лајн учењето изгледа не им нашкоди на нашите ученици во постигнувањето

Повеќе

Недела на солидарноста во организација на Црвен крст Гевгелија

Црвен крст Гевгелија организира хуманитарна акција во соработка со Црвениот

Повеќе

Донација на Царинска Управа за „Родителската куќа“ на децата болни од карцином

Со традиционална хуамнитарна акција на вработените од Царинската управа, а по

Повеќе

Нова пресуда за Мијалков: 8 години затвор за „Трезор“

Вкупно 28 години затвор за четворица обвинети во случајот „Трезор“ кој се

Повеќе

Камчев останува во Шутка, одлучи Кривичниот Суд

Притворениот Орце Камчев останува зад решетки, во притвор во затворот „Скопје“

Повеќе

Почина Д-р Билјана Ичева

Докторката Билјана Ичева, (1959-2021 г.) вработена во Негорските минерални Бањи

Повеќе

Кривична пријава за гевгелиски угостител

Две кривични пријави за прекршување на здравствените прописи против ковид-19

Повеќе

МВР: Приведени шест лица од криминалната-нарко група

По вчерашната успешна акција на МВР заедно со Американската Агенција за

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.