Топ Новости

Уште три дена за проверка на даночните пријави

Вторник, 28 Мај 2019

Граѓаните кои оствариле приходи во 2018 година имаат рок до 31 мај да направат увид во претпополнетата Годишна даночна пријава електронски доставена од Управата за јавни приходи.

Постапката е едноставна, а она што треба да се направи е да се отвори линкот да се внесат лозинката и имејлот со кој секој граѓанин е регистриран и потоа да се проверат податоците презентирани во пријавата.

Еве ги чекорите кои треба да ги направите при електронската проверка и потврда на Вашата Е-даночна пријава, срочено од даночниот експерт Павле Гацов:

„Годишната даночна пријава за данокот на доход за прв пат ја пополнува УЈП за секој од нас. Мое искуство:

Денес, веќе ми беше достапна претпополнетата Годишна даночна пријава за данокот на доход за 2018-та година.

За себе проверете сами на www.e-pdd.ujp.gov.mk.

Откако ќе влезете со пријавениот мејл и лозинката, кликнувате десно кај што стои „Годишна даночна пријава“, и одите на редот со вашето име и презиме и на крајот најдесно кликнувате во „Преглед“.

Пред Вас е Годишната Даночна пријава за 2018-та година.
Ако е точна, Ваше е да ја потврдите со клик долу лево во „потврдувам“.

Ќе кажам за мојата пријава. Пријатно сум изненаден. Ем точна, ем прегледна. Аирлија. Со среќа, Министерство за финансии и УЈП. Добро сработено! Честитки!“, напиша даночиот консултант откако ја евидентирал сопствената даночна пријава.

Годишната даночна пријава за данокот на доход за прв пат ја пополнува УЈП за секој граѓанин.

Пријавата за остварените приходи од 2018 пристигнуваа електронски кај даночните обврзници до крајот на април, а рокот за нивно потврдување, или одбивање е до крајот на мај.

Претпополнета годишна даночна пријава се испраќа за прв пат оваа година, а таа во наредните години ќе биде замена за годишната која се доставуваше до Управата за јавни приходи.

Од УЈП потврдуваат дека ваква пријава добиле околу 700 илјади граѓани регистрирани во електронскиот систем.


.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

30 дневен притвор за Боки 13 и Кичеец

Барањето на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е

Повеќе

Шефицата на СЈО, Катица Јанева, поднесе оставка

Шефицата на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, поднесе оставка.

Повеќе

МНР: Нема настрадани македонски државјани во невремето на Халкидики

Согласно комуникацијата остварена со надлежните служби, Генералниот конзулат на

Повеќе

Бесплатен одмор во Струга за 700 деца од семејства во социјален ризик

Околу 700 деца и нивни придружници од семејства во социјален ризик од цела

Повеќе

Заев: Аларм за борба против лажни вести и манипулации

За лажното претставување на двајца руски комичари како поранешниот претседател

Повеќе

Мицотакис победи на парламентарните во Грција

Нова Демократија на Мицотакис победи на предвремените парламентарни избори во

Повеќе

Апликацијата „МојДДВ“ до сега ја симнале близу 58.000 граѓани

За четири дена од почетокот на примената на апликацијата „МојДДВ“, од 1 јули

Повеќе

Заев: Берлинскиот процес е водилка за европски развој на нашиот регион

Во Познањ, Полска, вчера и денеска се одржува Самит ЕУ-Западен Балкан, како дел

Повеќе

Градинката во Миравци со нова ограда

По две недели работа на терен заврши оградувањето на двориштето на Детската

Повеќе

Владата одлучи: „Еуромакс“ не доби дозвола за експлоатација на руди за Иловица

На денешната седница Владата го одби барањето за издавање дозвола за „Иловица“,

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.