Пораст на БДП за 4,1%, пад на невработеноста за 17,8%

Сабота, 08 Јуни 2019

Економските параметри за развојните тенденции на македонската економија покажуваат напредни резултати. Тоа вчера на перес конференција со сатистички показатели го презентираа претседателот на Владата Зоран Заев и Вицепремиерот задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев.
Тие ги обзнанија последно објавените податоци за раст на БДП во првиот квартал кој изнесува 4,1% и пад на невработеноста на 17,8%.

- „Добрите вест за нашата земја и за нашите граѓани доаѓаат во серија. Денеска соопштуваме вести од значење за економскиот развој земјата и постигнување на повисок животен стандард за сите наши граѓани.
Тоа прв и главен приоритет на оваа наша Влада, паралелно со нашите евро-атлантски интеграции кои исто така значат економски придобивки.
Економските мерки даваат резултати, фискалните политики даваат резултати“, изјави премиерот Заев.

- „Задоволство ми е да соопштам дека растот на бруто домашниот производ во првиот квартал изнесува 4,1 %, што е највисокиот квартален износ во последните две години.
Математички прецизно – има разлика: Разликата од пред две години е 4,1%. Очекуваме разликата да се зголемува, зашто во вториот квартал стапката на раст на бруто-домашниот производ во 2017 година беше -1,8%.

- „Со оваа изразита разлика паѓаат во вода вчерашните небулози на ВМРО-ДПМНЕ дека нема напредок во економијата. Податоците ги демантираат сите нивни лажни и драматични информации“ – рече премиерот Заев.

Премиерот го објави и податокот од Државниот завод за статистика кој соопшти дека невработеноста во првиот квартал од 2019 е 17,8%. Од почетокот на новата Влада, ова значи намалување на невработеноста од 4,8% за две години. Тоа се 49.522 нови работни места.
- „Имаме нов историски најголем пад на невработеноста“, оцени Заев.



Last modified on Сабота, 08 Јуни 2019 - 12:03

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Убав сончев празничен ден

Гевгеличани и околните места денеска ги осветли убав сончев ден, а и неработен,

Повеќе

Денес е Задушница - ден за спомен на починатите

Православните христијани, денес и во сабота ја празнуваат Задушница, а следниот

Повеќе

Меркел до Заев: Бундестагот ќе одобри старт на преговорите со ЕУ во септември

На денешната средба на Премиерот Зоран Заев со Германската канцеларка Ангела

Повеќе

Општина Дојран во посета на збратимената општина Медулин

Веќе седум години како општина Дојран е збратимена со општина Медулин од

Повеќе

Селото Марвинци ќе добие нов асфалт

Селото Марвинци, деновиве ќе добие нов асфалт.

Од општина Валандово

Повеќе

Почна исплатата на зголемената социјална помош

Согласно правата предвидени со новата социјална реформа од денеска започна

Повеќе

Уапсен е државниот секретар во МИОА осомничен за земање мито

Корупциски скандал со Европските фондови во државата. Поради земање провизија

Повеќе

Почнува летниот распуст за учениците

Денеска е последниот училишен ден од школската година, со што почнува летниот

Повеќе

Запален автомобил предизвика застој пред Смоквица

Пред половина час на автопатот „Пријателство“ на делницата од Смоквица кон

Повеќе

16 медаљи за гевгелиските математичари на „Кенгур без граници 2019“

Меѓународниот натпревар „Кенгур без граници“ кој се одржува во исто време во

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.