Од 1 јули стартува мерката „Повраток на ДДВ за граѓаните“

Среда, 19 Јуни 2019

Од 1 јули, (значи за 10 дена) почнете да собирате фискални сметки од секое купување, платена услуга. Владата, Министерството за финансии и УЈП денеска го најавија стартот на повратокот на ДДВ за граѓаните.

Премиерот Зоран Заев, министерот за финансии Драган Тевдовски и директорката на УЈП, Сања Лукаревска, денеска на заедничка прес конференција го најавија проектот „Мој ДДВ 15%“ што се однесува за поврат на 15 отсто од ДДВ кај секој легално купен производ или услуга со фискална сметка. Истиот стартува од 1 јули, а првата исплата на трансакциските сметки до граѓаните ќе биде во декември. Едно четиричлено семејство нема да може да добие поврат поголем од 28.800 денари. Тоа е лимитот за повраток на ДДВ со цел ограничување на најбогатите кои со повеќе направени трошоци за купување, нема да можат да очекуваат поголем износ на повратен ДДВ од 28.800 денари. Односно најбогатите на овој начин ќе бидат ограничени.

„Важно е дека оваа мерка ќе биде еднаква за сите, односно ќе има лимит за богатите. Секој може да си направи математичка пресметка. Секој ќе добие 27 денари на платена сметка од 1.000 денари. Тоа се 15 отсто од платен ДДВ од 18 отсто на фискална сметка. Проценките се дека даночната евазија е 30 отсто, сега ќе биде помала. Исплатата е дури во декември за да ги тргнеме сите недостатоци кои би се појавиле, иако верувам дека системот е многу добро поставен. Најдобро е секој да си има своја евиденција, но доколку некој не може да се снајде со сметките, може да му ги дава на роднина или друг близок и да побара помош од него. Важно е да не се остави простор на сивата економија, која реално прави огромни штети. Нашите пресметки се дека кај граѓаните на овој начин ќе се вратат 50 милиони евра според нашата проекција на буџетот. Овое средства ќе бидат силна мотивација за граѓаните“, рече премиерот Заев.

Тевдовски рече дека фискалните сметки треба да бидат скенирани со мобилните телефони најдоцна до 10 дена од издавањето на дискалната сметка. Фискалната сметка која ќе се скенира со апликацијата од мобилчниот телефон може да биде најголема до 30.000 денари.

„Услов е секој да има трансакциска сметка на свое име ако сака лично да ги добие парите. Скенирањето треба да се направи најмногу 10 дена од издавањето на сметката. За ранливите групи има и алтернативни начини. Апликацијата ќе важи за сите граќани над 15 години. Доколку граѓаните немаат можност сами, од еден мобилен може да се користат повеќе профили, затоа обратете се кај најблиските. Во декември 2019 ќе биде првата исплата на парите на сметките“ додаде министерот Тевдовски.

Истото го најави и директорката на УЈП на пресот, а веднаш потоа и на социјалните мрежи за да бидат граѓаните навремено запознаени.

Last modified on Среда, 19 Јуни 2019 - 13:34

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Во Дојран посетителите добија бесплатни заштитни маски!

Викенд посетеноста во Дојран достигна размери блиски на летната туристичка

Повеќе

Инфраструктурно улично подобрување во Прдејци

По дводневна акција денеска заврши бетонирањето на уличен крак во населеното

Повеќе

Дезинфекција на јавните површини во Гевгелија

По налог на Општинскиот штаб за заштита и спасување денеска започна да се

Повеќе

Донација од 40.000 евра од Групацијата „Новоматик“ за Општа Болница Гевгелија

Еден месец по официјалната најава на својата одлука да донираат 200.000 евра

Повеќе

Јавното обвинителство отвори предмет против митрополитот Агатангел

Основното јавно обвинителство Велес отвори предмет по допрен глас по објавите

Повеќе

Трета акција за уништување на комарците во Гевгелија и ЈИ регион

По извршени две последователни лаврицидни прскања против комарци на места

Повеќе

Започна ревитализацијата на патот Богородица-Стојаково

Градежната оператива на „ЖИКОЛ“ ДООЕЛ Струмица од денеска е на терен со

Повеќе

Владата донесе забрана за одење на гробишта викендов на цела територија

Во петок е задушница, а во недела Духов ден. Во пресрет на овие народни

Повеќе

МВР против МВР на „Боемска“ – СВР и ЕБР ги чекаат снимките од камерите

Пазарната полиција не можеше да влезе во угостителскиот објект на улица

Повеќе

Во изолација 60 полицајци на служба во Гевгелија

Околу шеесетина полицајци кои ја чуваат јужната граница на Македонија поради

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.