Топ Новости

Почнува втората фаза од системот за наводнување Јужна долина на Вардар

Недела, 23 Јуни 2019

Почнуваат градежните работи за изградба на системот за наводнување на јужната долина на реката Вардар, втора фаза.
Почетокот на работите денеска беа свечено означени на влезот на селото Јосифово, Валандовско.
На отпочнувањето на градежните работи присуствуваа премиерот Зоран Заев, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и претставникот на компанијата изведувач „Штрабаг”, Горан Ракиќ.

- „Со крупните инвестиции како изградбата на системот за наводнување на јужновардарска долина, обезбедуваме услови за поквалитетно земјоделско производство, поголем приход за земјоделците и поголем економски раст.
Со реализација на втората фаза од овој проект ќе се овозможи квалитетно наводнување на над 2.000 хектари земјоделски површини во валандовскиот регион. Оваа капитална инвестиција, во вредност над 24,3 милиони евра, ќе придонесе за производство на конкурентни производи на голем земјоделски регион“ изјави премиерот Заев.

Ова е капитална инвестиција за воведување модерни системи за водоснабдувањето во земјоделството е финансирана од Владата со буџетски средства, а дел е кредит и грант од КФВ банката.

Целта на системот е да придонесе за намалување на трошоците и загубите во производството, како и создавање модерно земјоделство и навреме да добијат вода. Ќе се зафаќа вода од Удово од реката Вардар, понатаму со главен цевковод од 8,9 километри ќе се носи до препумпни станици и ќе има дистрибутивна мрежа од 85 километри.


Last modified on Недела, 23 Јуни 2019 - 21:59

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

30 дневен притвор за Боки 13 и Кичеец

Барањето на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е

Повеќе

Шефицата на СЈО, Катица Јанева, поднесе оставка

Шефицата на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, поднесе оставка.

Повеќе

МНР: Нема настрадани македонски државјани во невремето на Халкидики

Согласно комуникацијата остварена со надлежните служби, Генералниот конзулат на

Повеќе

Бесплатен одмор во Струга за 700 деца од семејства во социјален ризик

Околу 700 деца и нивни придружници од семејства во социјален ризик од цела

Повеќе

Заев: Аларм за борба против лажни вести и манипулации

За лажното претставување на двајца руски комичари како поранешниот претседател

Повеќе

Мицотакис победи на парламентарните во Грција

Нова Демократија на Мицотакис победи на предвремените парламентарни избори во

Повеќе

Апликацијата „МојДДВ“ до сега ја симнале близу 58.000 граѓани

За четири дена од почетокот на примената на апликацијата „МојДДВ“, од 1 јули

Повеќе

Заев: Берлинскиот процес е водилка за европски развој на нашиот регион

Во Познањ, Полска, вчера и денеска се одржува Самит ЕУ-Западен Балкан, како дел

Повеќе

Градинката во Миравци со нова ограда

По две недели работа на терен заврши оградувањето на двориштето на Детската

Повеќе

Владата одлучи: „Еуромакс“ не доби дозвола за експлоатација на руди за Иловица

На денешната седница Владата го одби барањето за издавање дозвола за „Иловица“,

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.