Денеска стартува владиниот проект за поврат на ДДВ

Понеделник, 01 Јули 2019

Од денеска граѓаните ќе можат да ја превземат апликацијата МОЈ ДДВ преку која ќе можат да праваат поврат од 15 отсто на платениот данок на додадена вредност. Директорката на управата за јавни приходи Лукаревска посочи дека аплиакцијата е едноставна но дека управата е подготвена да им помогне на сите граѓани кој ќе се соочат со проблеми.

Направивме лесна апликација, достапна за поврат на 15 % од ДДВ кај граѓаните. Апликацијата МојДДВ ќе биде достапна за симнување од понеделник, 1 јули 2019 преку: Google play store Apple store.

Ова е за прв пат државата да им враќа пари на граѓаните!
УЈП е подготвена да им излезе во пресрет на сите граѓани кои имаат потреба од поддршка при регистрацијата на системот на е-пдд и за скенирање на фискалните сметки, за што повеќе ќе презентираме во понеделник, напиша Лукаревска на својот фејсбук профил.

Повратот на ДДВ ќе се прави со скенирање на баркодовите од фискалните сметки на мобилните телефони. Мерката важи за сметките до 30 илјади денари кои не се постари од 10 дена. Единствено нема да може да се скенираат сторнираните фискални и за тие за кои е издадена сметкопотврда.

Повратот нема да се прави за фактури и сметки со кои граѓаните плаќаат струја, вода и останатите комуналии.

Државата ќе враќа 15% од платениот ДДВ. Што значи дека на платена сметка од 1000 денари, граѓаните плаќаат 180 денари ДДВ. Од овие 180 денари државата ќе врати 15%, или во овој случај 27 денари.

За парите кои ќе се добијат како поврат на ДДВ нема да се плаќа персонален данок.

 

 

Last modified on Понеделник, 01 Јули 2019 - 10:16

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Во Дојран посетителите добија бесплатни заштитни маски!

Викенд посетеноста во Дојран достигна размери блиски на летната туристичка

Повеќе

Инфраструктурно улично подобрување во Прдејци

По дводневна акција денеска заврши бетонирањето на уличен крак во населеното

Повеќе

Дезинфекција на јавните површини во Гевгелија

По налог на Општинскиот штаб за заштита и спасување денеска започна да се

Повеќе

Донација од 40.000 евра од Групацијата „Новоматик“ за Општа Болница Гевгелија

Еден месец по официјалната најава на својата одлука да донираат 200.000 евра

Повеќе

Јавното обвинителство отвори предмет против митрополитот Агатангел

Основното јавно обвинителство Велес отвори предмет по допрен глас по објавите

Повеќе

Трета акција за уништување на комарците во Гевгелија и ЈИ регион

По извршени две последователни лаврицидни прскања против комарци на места

Повеќе

Започна ревитализацијата на патот Богородица-Стојаково

Градежната оператива на „ЖИКОЛ“ ДООЕЛ Струмица од денеска е на терен со

Повеќе

Владата донесе забрана за одење на гробишта викендов на цела територија

Во петок е задушница, а во недела Духов ден. Во пресрет на овие народни

Повеќе

МВР против МВР на „Боемска“ – СВР и ЕБР ги чекаат снимките од камерите

Пазарната полиција не можеше да влезе во угостителскиот објект на улица

Повеќе

Во изолација 60 полицајци на служба во Гевгелија

Околу шеесетина полицајци кои ја чуваат јужната граница на Македонија поради

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.