Топ Новости
Августовска разгледница од Дојран - Понеделник, 03 Август 2020 14:35
Воз удрил во автомобил кај с.Давидово - Понеделник, 27 Јули 2020 17:55

Од викендов издавање дозволи за риболов на Дојранско езеро

Сабота, 20 Јули 2019

Новиот концесионер на Дојранското Езеро "Костреж 2018" од с.Николич упати известување до риболовците за условите за издавање дозволи за риболов. Во известувањето се вели:

- „Веќе од сабота (20.07.2019) ќе почнеме со издавање на дневни и годишни дозволи, за кои во наредните денови ќе ве известиме каде можат да се добијат. Цените за дневни дозволи ќе изнесуват 250.- денари, а годишните дозволи 2.500 денари, со важност до крајот на ова година.
Како голем подржувач на спортскиот риболов ќе се потрудам да бидам секогаш достапен за вас риболовците. Ве очекуваме од сабота да дојдете и безгрижно да уживате во спортскиот риболов на Дојранското Езеро. Бистро на сите кои се на вода“, велат од „Костреж 2018“.

Тие концесијата ја добија по јавното огласување на тендерска постапка за издавање концесии за стопанисување со водениот ревир на Дојранско езеро од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во мај годинава. Како скорешно нови концесионери и поддржувачи на спортскиот и стопанскиот риболов, од „Костреж 2018“ велат дека секогаш ќе ги почитуваат риболовците и ќе се потрудат да овозможат подобри услови за оваа спортска пасија и стопанка атракција за угостителството.

Во водите на Дојранското Езеро, како единствена рекреативна зона, се определува рекреативна зона- „Дојранското Езеро“ која ги опфаќа деловите на Дојранското Езеро кои припаѓаат на Република Македонија, на кои се организира рекреативен риболов од брег и од всидрен пловен објект и сите води кои се влеваат во Дојранското Езеро и нивните притоки.
На Дојранското Езеро рекреативен риболов се изведува од брег и од всидрен пловен објект.
Рекреативен риболов од брег се организира на целата брегова линија на Дојранското Езеро која припаѓа на Република Македонија.
Рекреативен риболов од всидрен пловен објект се организира на целата брегова линија на Дојранското Езеро на оддалеченост до 35 метри од појасот на трска или до 50 метри од брегот каде што нема трска, освен на определениот дел за вршење традиционален риболов како „простор за мандри“, од местото викано „Скелето“ до местото викано „Цилево“.


Last modified on Сабота, 20 Јули 2019 - 13:14

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Граничен премин „Евзони“ кај ГП „Богородица“ вечерва се затвара во 22 часот

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека до граничната

Повеќе

ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија со инвестиција за уредување на дворниот

Министерството за здравство за следната недела ги најавува протоколите за

Повеќе

Прогласена кризна состојба на јужната и северната граница на РСМ

Владата на Република Северна Македонија на одржаната редовна 79-та седница,

Повеќе

Османи: Започнаа преговори Заев-Ахмети за заедничка коалиција

Портпаролот на Демократската унија за интеграција Бујар Османи во интервју за

Повеќе

ГП „Евзони“ од утре целосно се затвара од 23 до 07 часот наутро

Портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас, денеска на брифинг со новинарите

Повеќе

Се бара ревизија за изградбата на Градскиот пазар во Гевгелија

Советникот Тихомир Ручкоманов, претставник од ЛДП и коалиционен партнер на СДСМ

Повеќе

Конституиран новиот 10-ти по ред парламентарен состав на РСМ

Со 116 гласови „за“, ниту еден воздржан и ниту еден против, денеска се

Повеќе

Граничниот премин Дојран-Дојрани останува затворен уште 10 дена

Грција ги продолжува своите меѓугранични заштитни мерки од ковид-19.
Денеска,

Повеќе

Августовска разгледница од Дојран

Продолжениот празничен викенд донесе многу гости, посетители, викенд туристи и

Повеќе

Честит 2 август – Денот на републиката

Денешниот втор августовски ден 2020 Македонија го слави Денот на Републиката,

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.