Топ Новости

Директорката на УЈП и Министерот за земјоделство во Гевгелија со промоција на проектот „Мој ДДВ“

Четврток, 25 Јули 2019

Промоција на проектот „Мој данок, моја иднина“ денеска се одржа во Гевгелија од страна на директорката на УЈП Сања Лукаревска.
Таа за јавноста ги образложи предностите на овој проект, а то а се: Поврат на 15 % од пресметаниот ДДВ кај граѓаните и Намалување на сивата економија!

За одзивот на граѓаните да го користат овој проект „Мој ДДВ“ зборуваат податоците - од почетокот на неговото спроведување до сега скенирани се 5,4 милиони фискални сметки од страна на граѓаните кои претставуваат остварен промет од 2 милијарди 768 милиони 341 илјади и 908 денари. Од тоа вкупниот ДДВ изнесува близу 300 милиони денари. Од овој ДДВ по основ на проектот „Мој ДДВ“ до граѓаните корисници ќе бидат вратени 44,8 милиони денари на нивните кориснички трансакциски сметки.

Заедно со директорката Лукаревска на промоцијата „Мој ДДВ“ присуствуваше и Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски. Тој денеска од Гевегелија најави дека официјално се вклучува во кампањата #МојДДВ. Со оваа мерка граѓаните имаат можност со секоја фискална сметка до 30.000 денари, да остварат поврат на 15% од платениот ДДВ. Преку оваа мерка:

✅ секое семејство може да врати во семејниот буџет плата плус
✅ се подобрува животниот стандард на граѓаните
✅ се намалува сивата економија
✅ се овозможува подобра наплата на даноците

Со повеќе пари во буџетот се подобруваат бизнис услови за поддршка на домашните компании бизнис, растат платите и се отвораат нови работни места.

При реализацијата на проектот, забележан е и раст на пријавите од страна на граѓани за местата од каде не добиле фискална сметка за купен производ или за услугата што ја користеле.

Лукаревска изнесе и неколку факти за придонесот на проектот „Мој ДДВ“ во подобрувањето на фискалната политика во земјата, и тоа:

➡️Изминатата година, 2018-та во периодот од 1 до 23 Јули до Управата за јавни приходи стигнале 52 пријави од граѓани за неиздадени фискални сметки, додека во истиот период годинава има 114 пријави за неиздадени фискални сметки.

➡️До Управата за јавни приходи, стигнуваат и поплаки од граѓани за бледи фискални сметки поради што баркодот не може да биде вчитан.

➡️Управата за јавни приходи апелира до правните лица коишто се занимаваат со продажба и нудење на услуги, да ги сервисираат своите фискални апарати, што е и нивна законска обврска според одредбите од член 14 ставови (1) и (2) од ЗРГП.

Лукаревска и Димковски пазареа денеска во гевгелиски маркет, ги скенираа сметките, на тој начин ја проверија фискалната дисциплина и исправност на трговскиот оператор во издавањето на фискални сметки и исправноста на фискалниот апарат.


Last modified on Четврток, 25 Јули 2019 - 17:46

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Актуелно: Опожарена трева покрај железничката пруга кај Давидово го донесе

Со дојава до Пожарна Гевгелија во 11:15 часот денеска е актуелизирана акција за

Повеќе

Гевгелија донира за оштетените од пожарот

Неделниот викенд ден гевгеличани се солидаризираа со оштетените од опожарената

Повеќе

SKY Хотел повторно вработува

Шест месеци по првиот голем оглас за прием на нови работници, SKY хотел во

Повеќе

Експресен пат од ГП Ново Село до Смоквица и Коридор 10

Директорот на Јавното претрпијатие за државни патишта Зоран Китанов денеска ја

Повеќе

Заев: Нема да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар и педер да ја

На прославата на 18-годишнината од Охридскиот рамковен договор првпат по

Повеќе

Пендаровски: Брзо расчистување на случајот „Рекет“

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска јавно побара брзо

Повеќе

Дојрански ракувања 2019 со фестивал на риба и вино

Со тридневен фестивал на рибата и виното, но со богата музичка забава синоќа

Повеќе

Олдкар тимот со донација за семејствата од опожарената зграда

Банкарски налог со уплата од 15.500,- денари е сумата која денеска ја уплатија

Повеќе

Противпожарен воз од Велес до Гевгелија

Во функција на противпожарна безбедност долж железничката пруга од Велес до

Повеќе

Локализиран шумскиот пожар на Осогово

Шумскиот пожар кој избувна на локација стар пат с.Бели-Пониква утринава околу

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.