Топ Новости

Времената санитарна депонија на Кожуф ќе добие нов пристапен пат со грант од „ИОМ“

Понеделник, 29 Јули 2019

Современата санитарна депонија на Кожуф планина во месноста Ново Конско, која беше изградена со средства од Американската фондација за развој - УНДП преку јапонски грант во вредност од 1,5 милиони долари, сега ќе добие и современ пристапен пат.
Неизградениот пристапен пат беше и пречка за оваа современа депонија да биде ставена во функција за потребите на одложување на сметот собран од градот и населените места од општината, што е делокруг на работа на ЈПКД „Комуналец“ од Гевгелија.

Неповратни средства за изградба на пристапниот пат во вредност од 100.000 евра обезбедува „Меѓународната организација за мигранти“ (ИОМ), соопштуваат денеска од Општината која е корисник на грантот.
- „Со изградбата на пристапниот пат ќе се создадат услови за профункционирање на депонијата. Станува збор за првата депонија изградена во земјава според европските стандарди“, вели градоначалникот Поцков.
Според него, ќе претстои потпишување на договор со ИОМ за реализација на проектот, а општина Гевгелија од своја страна се обврза да обезбеди довод на вода и струја до самата локација на депонијата.
- „Тоа ќе го направиме со финансиски средства од буџетот на општината. Со обезбедување на струја и вода до локацијата, како и со почнување на градбата на пристапниот пат до самата депонија ќе бидат создадени услови не само за профункционирање на времената депонија, туку и за затворање на сегашната нелегална депонија, која се протега по брегот на Сува Река, чиј капацитет е одамна надминат и претставува сериозна закана за животната средина и здравјето“, нагласува Поцков.

Затоа паралелно се одвиваат активностите за затворање на дивата депонија и рехабилитација на целиот простор за која цел веќе се обезбедени 400.000 евра од грантот кој што беше наменет за изградба на Пречистителната станица кај Гевгелија.

Тој информираше дека ќе биде изграден заштитен зид меѓу сегашната дива депонија и брегот на Сува река, а на посебен простор остатокот од претходно рециклираниот комунален отпад ќе се третира. Проектот ќе финишира со уредување на зелена површина на локацијата каде што сега се наоѓа дивата депонија на Сува река кај Гевгелија.

Патот е долг 2 километри. Во првата фаза ќе биде тампониран, а рокот за изградба според ИОМ е една година од почетокот на изведбените работи. Од Општината најавуваат побрзо интервенирање на просторот за изградба на пристапниот пат кој ќе овозможи пуштање во функција на санитарната депонија, која пак е услов за затварање на сега постојната дива депонија кај Сува река и нејзино современо третирање во зелен појас како дел од градот.


 

Last modified on Понеделник, 29 Јули 2019 - 14:38

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Актуелно: Опожарена трева покрај железничката пруга кај Давидово го донесе

Со дојава до Пожарна Гевгелија во 11:15 часот денеска е актуелизирана акција за

Повеќе

Гевгелија донира за оштетените од пожарот

Неделниот викенд ден гевгеличани се солидаризираа со оштетените од опожарената

Повеќе

SKY Хотел повторно вработува

Шест месеци по првиот голем оглас за прием на нови работници, SKY хотел во

Повеќе

Експресен пат од ГП Ново Село до Смоквица и Коридор 10

Директорот на Јавното претрпијатие за државни патишта Зоран Китанов денеска ја

Повеќе

Заев: Нема да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар и педер да ја

На прославата на 18-годишнината од Охридскиот рамковен договор првпат по

Повеќе

Пендаровски: Брзо расчистување на случајот „Рекет“

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска јавно побара брзо

Повеќе

Дојрански ракувања 2019 со фестивал на риба и вино

Со тридневен фестивал на рибата и виното, но со богата музичка забава синоќа

Повеќе

Олдкар тимот со донација за семејствата од опожарената зграда

Банкарски налог со уплата од 15.500,- денари е сумата која денеска ја уплатија

Повеќе

Противпожарен воз од Велес до Гевгелија

Во функција на противпожарна безбедност долж железничката пруга од Велес до

Повеќе

Локализиран шумскиот пожар на Осогово

Шумскиот пожар кој избувна на локација стар пат с.Бели-Пониква утринава околу

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.