Топ Новости

Заев најави инвестиционен циклус од 5 милијарди евра

Вторник, 30 Јули 2019

- „Следува инвестициски циклус од околу пет милијарди евра: Проектирани се една милијарда во патишта, над 1 милијарда во железница, над една милијарда во енергетика, со ХЦ „Чебрен“, со далекуводот кон Албанија и со гасоводот, нов Клинички центар, инвестиции во земјоделството и руралниот развој, пречистителни станици за отпадна вода, регионални фабрики за прибирање и обработка на отпад, канализациски и водоводни системи, училишта и градинки и други проекти за реалните потреби на луѓето“, ова го најави премиерот Зоран Заев на прес конференција на Владата посветена на ревизијата на СТО и констатираниот огромен економски напредок во државата на крајот од 2018 година, со што тој го најави инвестициониот тренд за 2019.

На пресот беше презентиран позитивниот извештај на Светската трговска организација, кој покажува дека владините политики даваат резултати и носат раст во скоро сите позначајни економски области.

Премиерот Заев во своето обраќање, подвлече дека следејќи ги фактите кои покажуваат раст во скоро сите позначајни економски области, нашата држава го избра добриот пат и економијата го следи тој пат.

„Светската трговска организација вели дека Бруто домашниот производ (БДП) во периодот на ревизија, по глава на жител порасна за повеќе од 40%, а невработеноста се намалила од 31% на 18,7%, во 2018 година споредбено со 2013 година. Светската трговска организација констатира дека дефицитот во тековната сметка се намали од 240 милиони евра (3,2% од БДП) во 2012 година на 31,9 милиони евра (0,3% од БДП) во 2018 година. Ова се должи на намалувањето на дефицитот во трговскиот биланс и на зголемувањето на вишокот на балансот на услугите“, информираше премиерот Заев.

Тој исто така, додаде дека во ревизијата на Светската трговска организација е запишано дека нето-приливите на странските директни инвестиции се зголемиле од околу 131 милиони евра во 2012 година на 621,9 милиони евра во 2018 година, што како што истакна премиерот Заев значи дека директните странски инвестиции во Бруто домашниот производ во 2012 година учествувале со 1,5%, а во 2018 година со 5,8%.

Во оваа насока, подвлече премиерот Заев се и заклучоците на СТО за интелектуалната сопственост, според кои Македонија има напредок од 25 места погоре на Глобалниот иновациски индекс за 2019 година, односно сега нашата земја е на 59-то место, во однос на 84-то од минатата година.

Заев се осврна и на наследената состојба во 2017 година, кога како што оцени, Владата наследи економска и финансиска катастрофална состојба, а по добивањето на мандатот, посветувајќи се на низа инфраструктурни проекти, раст на индустријата проследен со раст на просечната нето плата и намалување на невработеноста од речиси 5%.


Last modified on Вторник, 30 Јули 2019 - 12:44

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Актуелно: Опожарена трева покрај железничката пруга кај Давидово го донесе

Со дојава до Пожарна Гевгелија во 11:15 часот денеска е актуелизирана акција за

Повеќе

Гевгелија донира за оштетените од пожарот

Неделниот викенд ден гевгеличани се солидаризираа со оштетените од опожарената

Повеќе

SKY Хотел повторно вработува

Шест месеци по првиот голем оглас за прием на нови работници, SKY хотел во

Повеќе

Експресен пат од ГП Ново Село до Смоквица и Коридор 10

Директорот на Јавното претрпијатие за државни патишта Зоран Китанов денеска ја

Повеќе

Заев: Нема да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар и педер да ја

На прославата на 18-годишнината од Охридскиот рамковен договор првпат по

Повеќе

Пендаровски: Брзо расчистување на случајот „Рекет“

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска јавно побара брзо

Повеќе

Дојрански ракувања 2019 со фестивал на риба и вино

Со тридневен фестивал на рибата и виното, но со богата музичка забава синоќа

Повеќе

Олдкар тимот со донација за семејствата од опожарената зграда

Банкарски налог со уплата од 15.500,- денари е сумата која денеска ја уплатија

Повеќе

Противпожарен воз од Велес до Гевгелија

Во функција на противпожарна безбедност долж железничката пруга од Велес до

Повеќе

Локализиран шумскиот пожар на Осогово

Шумскиот пожар кој избувна на локација стар пат с.Бели-Пониква утринава околу

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.