Топ Новости
Августовска разгледница од Дојран - Понеделник, 03 Август 2020 14:35
Воз удрил во автомобил кај с.Давидово - Понеделник, 27 Јули 2020 17:55

Повик до невработените за вклучување во проектот „Општо корисна работа“

Среда, 07 Август 2019

Од 05 до 16 август тече јавниот повик објавен од Општина Гевгелија за ангажирање на лица со статус невработени во рамките на проектот „Општо корисна работа“.

Проектот ќе се изведува во период од 6 (шест) месеци, а ангажираните невработени лица ќе добијат работни обврски од 20 работни часови неделно. За својата работа тие ќе добијат надоместок од 9.000 денари месечно. Исплатата на данокот на личен доход, осигурувањео од настанати повреди или инвалидност во текот на работното ангажирање паѓа на терет на Општина Гевгелија.

За време на шестмесечниот ангажман за општо корисна работа за потребите на нарачателот Општина Гевгелија, лицата нема да го изгубат статусот на невработени лица и должни се да се јавуваат во Агенцијата за вработување во Гевгелија со цел да го задржат правото на работно ангажирање со статус на вработен доколку има актуелни огласи за редовно вработување на истите лица, а тие можат да одговорат со своите квалификации. ИСто така, на јавниот повик можат да се јават и невработени корисници на социјална помош, а за време на работниот ангажман за општо полезната работа и понатаму ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

Овој начин на работно ангажирање на невработени и корисници на социјална помош во Општината е неправен согласно Оперативниот План за услуги и активни програми и мерки за вработување на Владата на РСМ за 2019 година. Програмата претставува активност која овозможува унапредување на системот за обезбедување на социјални услуги на локално ниво преку надополнување на постојните или воведување на нови услуги. Во остварувањето на програмата партиципираат државни и локални институции заедно со поддршка од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и истата се финансира од Буџетот на Агенцијата за  вработување на РСМ. Општините кои партиципираат во реализацијата на проектот учестваат со кофинансирање во износ од 20% од месечниот надоместок.

Кои се условите за аплицирање на невработените:
- Долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденцијата, со предност на невработени над 5 години);
- млади лица до 29 години;
- лица постари од 50 години;
- лица корисници на парична помош од социјална заштита;
- лица кои имале статус деца без родители и родителска грижа;
- жртви на семејно насилство;
- лица со попреченост;
- жени припаднички на ромската етничка заеднца;
- самохрани родители;
- родители на деца со пречки во развојот;
- родители на 3 и повеќе деца;
- осудени лица по отпуштање од КПУ;
лица со незавршено средно и пониско образование.

Работните позиции кои се опфатени со овој јавен повик кој е во тек, се за ангажирање на невработени лица за општокорисна дејност за изведување работи на следните позиции:
- Социјален работник во Дневен Центар за лица со послебни потреби Гевгелија;
- Негувател во Дневен Центар за лица со посебни потреби Гевгелија;
- Негувател на лица со попреченост во домашни услови.

Заинтересираните кандидати поконкретни информации може да побарат кај општинскиот координатор на проектот во Општина Гевгелија, во Центарот за социјални грижи и Агенцијата за вработување во Гевгелија.


Last modified on Среда, 07 Август 2019 - 15:41

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Заев го доби мандатот за состав на Влада од претседателот Пендаровски

Денеска напладне со свечена церемонија во вилата Водно каде е резиденцијата на

Повеќе

Заев обезбедил мнозинство, Пендаровски утре му го доделува мандатот

Шефот на државата Стево Пендаровски утре (четврток 13 август) мандатот за

Повеќе

Првачињата на училиште, останатите он лајн настава од дома

Учениците од септември веројатно ќе останат дома, ова го најави министерот за

Повеќе

Маж од Миравци при рибарење се удавил во Вардар

Од полицискиот дневен билтен на МВР се известува дека вчера во водите на Вардар

Повеќе

Граничен премин „Евзони“ кај ГП „Богородица“ вечерва се затвара во 22 часот

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека до граничната

Повеќе

ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија со инвестиција за уредување на дворниот

Министерството за здравство за следната недела ги најавува протоколите за

Повеќе

Прогласена кризна состојба на јужната и северната граница на РСМ

Владата на Република Северна Македонија на одржаната редовна 79-та седница,

Повеќе

Османи: Започнаа преговори Заев-Ахмети за заедничка коалиција

Портпаролот на Демократската унија за интеграција Бујар Османи во интервју за

Повеќе

ГП „Евзони“ од утре целосно се затвара од 23 до 07 часот наутро

Портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас, денеска на брифинг со новинарите

Повеќе

Се бара ревизија за изградбата на Градскиот пазар во Гевгелија

Советникот Тихомир Ручкоманов, претставник од ЛДП и коалиционен партнер на СДСМ

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.