Топ Новости
Навалица на рибари во Дојран - Вторник, 18 Февруари 2020 11:27

Поделени картички за зелена нафта на земјоделци од општина Гевгелија

Вторник, 20 Август 2019

Со доделување на картички за набавка на субвенционирано дизел гориво за земјоделска механизација од страна на Подрачното Одделение на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Гевгелија денеска беше промовирана мерката „Зелена нафта“ наменета за земјоделците производители од подрачјето на општините Гевгелија, Богданци и Дојран. Истата започна со примена пред една недела и досега од ПЕ во Гевгелија велат дека се поделени 400 картички со вкупен износ од 2.200.000 денари на производители од трите општини.

Раководителот на ПЕ на МЗШВ Гевгелија Дејан Маркудов изјави дека со оваа мерка се опфатени 1.579 земјоделски производители и стопанства кои поднеле барања за субвенции за 2018 година, со што на овој начин се има увид дека земјоделскиот стопанственик е активен, а не е само имател на земјоделска површина.

- „Безготовинската карта за „зелена нафта“ е наменета за набавка на дизел гориво на било која бензинска на „Макпетрол“ АД. Картичката е лична и може да се користи само од страна на корисникот, чие име презиме и датум на раќање се испечатени на истата“ додаде во денешната изјава за медиумите Маркудов.

Тој посочи дека со оваа мерка се субвенционираат 30 одсто од трошоците за дизел гориво, со што се намалуваат производствените трошоци кај земјоделските производители, а тоа влијае и на конкурентноста на нивните производи.

Денеска во просториите на ПЕ на МЗШВ беа доделени картички за „зелена нафта“ на земјоделците: Билјана Ристова од Прдејци, Јован Платански од Негорци, Митко Поп Ѓоргиев од Прдејци,
Илија Узунов од Негорци и на Караиванов Ангел од Миравци. Истите треба да им послужат за подготовка на земјишните површини за следната сеидба. Субвенционирањето се однесува за двете сеидби, пролетна и есенската. Корисниците на „зелената нафта“ за 2019 треба да ги искористат боновите заклучно со завршувањето на пролетната сеидба во април 2020. Поради тоа, раководителот на ПЕ на МЗШВ за Гевгелија ги повика земјоделците да појдат во просториите на ПЕ и да ги подигнат картичките за „зелена нафта“ кои им се веќе одобрени. Станува збор за 1.579 земјоделски стопанства кои имаат поднесено барање за субвенции од Програмата за 2018 за градинарски, полјоделски култури, овошни и лозови насади.

Мерката ја поздрави и Градоначалникот на Општина Гевгелија, Сашо Поцков кој на чинот на доделувањето на картичките „зелена нафта“ изјави пред земјоделците и присутните медиуми дека:

- „Со воведувањето на мерката „зелена нафта“ Владата го исполнила ветувањето кон земјоделците за поефтина нафта. Обезбедени се 200 милиони денари кои се враќаат назад на 55.000 земјоделци и земјоделски стопанства. Најнискиот одобрен износ на мали производители е 500 денари, додека највисокиот износ е лимитиран на 100.000 денари“, истакна Поцков.

Тој ја спореди мерката „зелена нафта“ како определба на оваа Влада со исти средства да помогне 55.000 земјоделски семејства и повеќе, вклучувајќи ги вработените во земјоделските колективи кои се единица корисник на мерката, наспроти истиот износ на средства што се доделуваше за субвенционирање на 300 вработени во економските зони што ги фаворизираше претходната власт. Наместо да субвенционира едно работно место кај странски инвеститор со 10.000 евра годишно, оваа Влада се определи со истиот фонд на буџетски средства да помогне над 55.000 земјоделски семејства, поединци и колективи од областа на земјоделството, посочи градоначалникот Поцков.

Картичките „Зелена нафта“ ги чекаат земјоделците од Гевгелија, Богданци и Валандово да ги подигнат за користење од просториите на ПЕ МЗШВ Гевгелија до крајот на месец август.


Last modified on Вторник, 20 Август 2019 - 17:23

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Оставка на директорот на Средното училиште во Гевгелија

Директор на СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија, Цветан Неловски денеска

Повеќе

Меѓународна Мировна награда за Заев и Ципрас

За својата дипломатска умешност во спорот околу името Македонија, бившите

Повеќе

Забрана за сообраќај на патот Струмица - Валандово

Поради сообраќајна несреќа која се задеси околу 10 часот утринава, патниот

Повеќе

24 часовен штрајк во Грција го запре граничниот промет

Синдикатот на вработените во јавниот сектор во Грција (АДЕДИ) од утрово започна

Повеќе

Навалица на рибари во Дојран

Чамци, рибари, трски за риболов, тоа е континуирана слика сезонава на брегот и

Повеќе

Лишени од слобода тројца посетители на „Бел рај“ кај Миравци

Тројца средновечни граѓани на возраст од 38 до 40 години синоќа на 15 минути

Повеќе

Собранието се распушти

Со 108 гласови „ЗА“ и ниту еден против или воздржан денеска во 17:00 часот

Повеќе

Изгласан законот за Јавно обвинителство

Со 80 гласови „ЗА“ од 116 присутни од кои само шестмина беа „против“ денеска во

Повеќе

Макрон ја отвори вратата за преговори на ЕУ со Македонија и Албанија

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека ако резултатите од

Повеќе

Собранието ја Разреши министерката Мизрахи – изгласани и измени на Изборниот

Собранието доцна синоќа со 62 гласа „за“ и 26 гласа „против“ ја разреши

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.