Топ Новости

Агенцијата за медиуми решава за прекршоци на 4 локални телевизии

Петок, 23 Август 2019

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денеска на седница одлучува за предлог одлуката за одбивање на барањето за објавување јавен конкурс за доделување дозвола за радио емитување на локално ниво на подрачјето на општина Струга, како и за предлог – решението за бришење на трговското радиодифузно друштво ТВ ИРИС Штип од регистарот на радиодифузери.

На седницата ќе се одлучува и за предлози за изрекување мерка јавна опомена на телевизите ДИБРА – Дебар, Морис – Охрид, Нова – Гевгелија, како и на Канал 21 – Велес.

Од 19-те точки на дневен ред и предвидените 14 мерки на јавна опомена за локалната ТВ Нова 12 од Гевгелија се однесуваат дури четири, и тоа точките:

10. Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД ТВ НОВА ДОО Гевгелија поради прекршување на член 50 став 3 од ЗААВМУ и член 17 од Правилникот за заштита на малолетните лица;
11. Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД ТВ НОВА ДОО Гевгелија поради прекршување член 92 став 1 од ЗААВМУ;
12. Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД ТВ НОВА ДОО Гевгелија поради прекршување член 51 став 1 од ЗААВМУ;
13. Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД ТВ НОВА ДОО Гевгелија поради прекршување на член 14 од Законот за медиуми.

Седницата е закажана со почеток во 11:30 часот и се одвива во живо на YouTube каналот на АВМУ.


Last modified on Петок, 23 Август 2019 - 13:39

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Јане Велковски од Македонија ќе учествува преку УНИЦЕФ на самит на ОН

Единаесет годишниот Јане Велковски, кој е застапник на деца со попреченост од

Повеќе

Ученици собраа 53,2 кг пластичен отпад од „Илинденска“ во Гевгелија

Екоакцијата организирана на крајот од работната недела во Гевгелија на улица

Повеќе

Во декември почнува „Мој ДДВ – Моја Награда“ со награден фонд од половина

Две главни награди, но и доделување на дневни и месечни награди со вкупен

Повеќе

Ветинг во судството вети Заев на граѓанска трибина во Велес

По низата реакции во јавноста за застарените судски случаи кои судот ги

Повеќе

Средба на борците од Кленоец и Гевгелиски членови на СЗБ од НОБ

Во чест на народниот херој Јосиф Јосифовски Свештарот кој е по раѓање

Повеќе

Еденипол часовен протест на судската администрација во Гевгелија

Триесет и тројца вработени во Основен суд Гевгелија со работен статус „судска

Повеќе

Иницијатива за незастарување на кривични дела направени од функционер

Екпертите со иницијатива: Кривичните дела сторени од функционери да не

Повеќе

Изгласана минимална плата од 14.500 денари во Собранието

Попладнево пратениците во републичкото Собрание го изгласаа Законот со кој

Повеќе

Агрометеоролошки станици за заштита на земјоделските посеви во Гевгелија

Со проект на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, каде припаѓа и

Повеќе

Од утре, 15 ноември, задолжително поседување на зимска опрема за возилата

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека во периодот од

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.