Топ Новости

Изречени четири јавни опомени за ТВ „Нова 12“ од АВМУ

Понеделник, 26 Август 2019

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на одржаната 31 седница, минатата недела изрече четири мерки - Јавни Опомени за локалната телевизија „Нова 12“ од Гевгелија.

Мерките се однесуваат за констатирани прекршоци во работењето на телевизијата по извршената програмска контрола на АВМУ која траела до 31 јули годинава, а во која биле вклучени под надзор сите медиуми во државата.

Прекршоците за кои АВМУ ја терети локалната телевизија од Гевгелија се однесуваат на следново:

1. На телевизискиот програмски сервис на ТРД „Нова 12“ (емитуван на 5 јули кога е извршен програмскиот надзор од АВМУ) играните филмови имале погрешна предупредувачка сигнализација за заштита на малолетни лица - наместо програми од Четврта категорија (16+) биле означени со програми од Трета категорија (12+), при што биле емитувани филмови со непристоен говор, еротски и сексуални односи без експлицитни детали што не се соодветни за деца под 16 години;

2. Во рамките на својот телевизиски програмски сервис ТРД „Нова 12“ емитувала недоволно содржини од сопствена продукција, односно емитуцала 26,31% изворно создадена програма, односно помалку за 50 минути и 23 секунди сопствена продукција од тоа што медиумот законски е обврзан да го емитува во текот на дневната програмска шема;

3. ТРД „Нова 12“ во рамките на својот програмски сервис не ги обезбедува информациите што треба да им се направат достапни на корисниците, и тоа најмаллу до седните податоци: полно име на давателот на аудиовизуелната медиумска услуга, податоци за контакт (телефонски број, адреса на електронска пошта, одговорно лице за брзо, директно и ефикасно стапување во контакт) и за надлежното регулаторно тело; и

4. Во две изданија на емисијата „Добра идеја“ (на денот на мониторирањето) ниту во најавна ниту во одјавна шпица немало целосна објава на податоците во импресумот - авторската, реализаторска екипа, податоци за уредништвото и датум на продукцијата, што е против точка 6 од Упатството за исполнување на обврските за импресум и информации достапни за корисниците.

Агенцијата за аудиовизуелни и медиумски услуги, пред изрекувањето на мерките Јавна Опомена до ТРД „Нова 12“ Гевгелија доставиле писмена опомена со цел тие правно да се произнесат за констатираните пропуст во програмата. ТРД „Нова 12“ не се изјаснила до АВМУ по ниту една од опомените, по што на седница на Советот на Агенцијата одржана на 23 август донесени се четири решенија за изрекување четири мерки Јавни Опомени за „Нова 12“ од Гевгелија.

Медиумот има рок од 30 дена да ги поправи своите слабости и да го усогласи своето работење со одредбите од Законот за медиуми. За четвртата мерка рокот на усогласување е до 45 дена. Ако е незадоволен од изречените мерки локалниот медиум може во рок од 30 дена од денот на приемот на Решенијата да поведе управен спор пред надлежен суд.

Директор на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги е Зоран Трајчевски. Тој до неговото поставување на функцијата (во 2014 година) беше заменик министер во Министерството за транспорт и врски на РМ, а претходно член на УО на „Телеком“ и во тој период беше претседател на комисијата за медиуми на ВМРО-ДПМНЕ. Телевизија „Нова 12“ од Гевгелија во неколку финансиски извештаи на оваа партија (додека беше на власт) се јавува како донатор на парични средства во неколку илјадни суми од денарска вредност. Како сега кадрите кои работеле и помагале на иста партија се казнуваат помеѓу себе, или глумат казнување со опомени. Да се работи нешто.


Last modified on Понеделник, 26 Август 2019 - 17:51

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Почина музичарот Александар Попов (1933-2019)

Денеска попладне во 86-та година од животот почина познатиот музичар, музички

Повеќе

Бенефициите на поранешните претседатели на тапет кај ДКСК

Антикорупциска денеска побара „Да се раскине договорот за канцеларите на Иванов

Повеќе

Почна внатрешно уредување на реновираните блокови В и Г во студентскиот дом

Пред почетокот на студентската година, од Државниот студентски центар преку

Повеќе

Успешна еко акција во село Богородица

Јавните површини пред јавните простори во гевгелиското село Богородица денеска

Повеќе

Фирми и граѓани должат кон УЈП 10,2 милијарди денари

Управата за јавни приходи објави Листа на должници бр.09/2019 за долгови

Повеќе

Јавна презентација за дел од ДУП 7 (7.5) за Гевгелија

Утре со почеток во 12 часот во просториите на малата сала од Народниот театар

Повеќе

Никола Димитров ја доби наградата за Придонес кон европската интеграција на

По повод петгодишнината од основањето на порталот „Европски Западен Балкан“-

Повеќе

Празнична посетеност на Дојран

Продолжениот празничен викенд донесе поголем број гости во текот на топлиот

Повеќе

Одбележување на Денот на независноста

Со истрелување на 10 плутони од страна на артилерискиот батаљон во касарната

Повеќе

Авиони канадери го ставија под контрола вториот пожар кај Мамино

Локализиран, но не целосно ликвидиран. Ваков беше денешниот утрински извештај

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.